(ГАЛЕРИЈА) Потребно е чудо. Да го направиме заедно!
Објавено во: Мои пари 10 Август, 2016 15:15
Додека Скопје и околината се соочуваат со најголемиот предизвик од 1963-та наваму, солидарноста и несебичноста се клучните фактори кои можат да предизвикаат промена на подобро.
"Секоја помош е добредојдена" - вели чичко Петар од с.Стајковци, натажен, со поглед на неверување додека сè околу него сведочи за хоророт кој тој и семејството го преживеаја пред неколку дена. Жан де ла Брујер бил француски филозоф од 17-иот век, запаметен меѓу другото по реченицата "Од тешкотиите, се раѓаат чудата". А во време на најголеми тешкотии, чудата се најпотребни. Фирми, поединци, млади, стари, секој треба да се вклучи и да придонесе. Меѓу оние кои лично даваат пример за тоа што треба да се стори е градежната компанија Голден Арт. Од таму донираа градежни материјали и намирници за семејствата од поплавените места во вредност од 1.000.000 денари. Но, главната помош доаѓа од нивната ангажирана механизација со која се расчистуваат поплавените подрачја околу Скопје.
Помош само колку да се помогне е прифатливо. Но, помош во токму оние точки каде истата е најпотребна е веќе нешто друго. Доколку повеќе компании го следат примерот на Голден Арт можеме да ја вратиме надежта кај чичко Петар и останатите. Доколку сите ние го следиме примерот, можеме да направиме чудо! Ајде...
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?









