ГЕРМАНИЈА ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА ГАСТЕРБАЈТЕРИ: Важна вест за сите кои работат или ќе одат на печалба
Објавено во: Балкан 02 Април, 2017 08:47
Од 1 април во Германија на сила стапува нов закон за привремена работа преку агенција, таканаречен Cajtarbajtenfirmen (Zeitarbeitenfirmen).
Според тој закон, работниците веќе нема да може да работат привремено подолго од 10 месеци, а после девет месеци работа мора да заработуваат слична плата каква што имаат и работниците на фирмите, фабриките или компаниите во кои работат, кои работат на слични работи.
Новиот закон предвидува и дека привремените работници повеќе нема да се вработуваат во текот на штрајк. Токму по пат на вакви претпријатија во Германија работат многумина од регионот. Тие притоа се работници на агенција, а не на фирмата во која ги извршуваат работните задачи. Стјепан Бингула, кој веќе повеќе од триесет години живее во Минхен и добро е запознаен со пазарот на труд, верува дека донесувањето на новиот закон нема да промени многу работи.
„Едноставно агенциите човекот кој го изнајмиле после девет месеци ќе го оттргнат од тој работодавец и ќе го испратат кај некој друг и така се почнува од почеток. Истата работа е и со овие 18 месеци, го повлечат работникот и го испратат во друга фирма“, смета Бингула.
Според неофицијалните информации преку Cajtarbajtenfirme во Германија работат околу милиони луѓе, што е отприлика три посто од сите вработени во таа земја.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




