Ѓорчев: Имавме грешки и во делот на изборот на кандидатите
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2017
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека има обединетост и кохезија во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имавме грешки и во делот на изборот на кандидатите и гласачите за тоа нѐ казнија. Апсолутно сме свесни дека имавме грешки и во ветувања кои не сме ги реализирале. Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати“- изјави Ѓорчев.
Тој зборуваше дека имало притисоци, закани кон граѓаните за тоа како ќе гласаат и дека можат да ги изгубат работните места.