Голден Арт се единствени македонски градежници со престижната сертификација на STUBRAND
Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2016 09:16
Студентите го избраа, а STUBRAND Macedonia ѝ ја додели на Голден Арт сертификацијата STUBRAND 2016 со што стана прва и единствена градежна компанија во Република Македонија која го добива ова престижно признание за компанија со највисока општествена одговорност!

Имено, истражувањето кое го спроведе STUBRAND Macedonia ја мереше перцепцијата за имиџот на вкупно 405 брендови во 19 различни категории кај студентската популација. Според резултатите, Голден Арт има далеку повисока позитивна перцепција од конкуренцијата, доволно за да ги исполни критериумите за влез во категоријата „Компании со висока општествена одговорност“, со што доби право да се стекне со престижниот сертификат STUBRAND 2016.
Со ова престижно признание можат да се стекнат единствено брендовите кои уживаат позитивен имиџ (збирот на процентите од Love и Like одговорите) од над 50%, меѓу кои се најде и Голден Арт.

Каква е методологијата на истражувањето? Се употребува Ликертовата скала, при што од студентите се бара со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know, во најбрз можен рок да ја искажат импулсивно-емотивната реакција поврзана со конкретниот бренд, идентификуван преку неговото име.
Сертификатот официјално беше доделен за време на свечениот настан кој STUBRAND Macedonia го организираше на 14 декември во хотелот Александар Палас.
За Голден Арт се чини наградите не престануваат да доаѓаат. STUBRAND 2016 се надоврзува на признанието “Македонски квалитет 2016”, кое претседателот на Македонија и Сојузот на Стопански Комори пред само десетина дена им го додели на Голден Арт како единствена градежна компанија која два пати по ред го добива истото.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




