ОВА НЕ СЕ ИЗДРЖУВА: Граѓаните со протест ќе се борат против загадениот воздух кој не гуши
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017 08:04
Жестоките реакции од граѓаните и еколошките здруженија по алармантната ситуација со загаденоста.
Се уриваат рекорди по загаден воздух. Граѓаните во главниот град деновиве се гушеа во ПМ10 честици кои беа над дозволеното и го вклучија алармот.
Пред Влада во 12 часот ќе се протестира мирно и ќе се искаже револтот поради што здравјето на жителите во загените градови посебно во метрополата не се главен приоритет на надлежните кои имаа многу предизборни ветувања токму за оваа тема.
Мерките кои досега се преземени, многу малку го даваат резултатот кој на граѓаните че им донесе чист воздух.
Вчера од Владата донесоа ургентен сет мерки против загадувањето. Имено прагот на алармирање за висока аерозагаденост e спуштен.
Согласно оваа Уредба доколку среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките е над прагот во текот на два, наместо досегашните 5 дена, е над 200 милиграми нa метар кубен, и доколку праговите се измерени на најмалку две мерни станици во градот Скопје, односно на 50% од бројот на поставени станици во било кое населено место, стапуваат на сила меркиве: - бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните од астма и прележан инфаркт ќе бидат ослободени од работа. Градскиот превоз ќе биде бесплатен, а ќе се зголеми и бројот на автобуси, најавено е дневно чистење на улиците и пешачките површини, зголемени инспекциски контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла . Автошколите добија препорака обуките да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот, а градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.) и градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




