19 Декември, 2025
0.0485

Граѓаните во домашните банки чуваат 227, а не 222 милијарди денари

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2017 14:25

Добивај вести на Viber

Фондот за осигурување на депозити тврди дека граѓаните во домашните банки чуваат 227 милијарди денари, а не како што привично објави Фактор, во денешната анализа 222 милијарди денари.

Од оваа институција посочуваат дека износот на вкупни депозити на граѓаните на 31.12.2016 година во домашните деловни банки изнесува 227,6 милијарди денари или 3,7 милијарди евра сметано според средниот курс на НБРМ на 31.12.2016 година. Тоа значи дека нивото на депозитите на граѓаните на 31.12.2016 година е за 6,3 милијарди денари или 102,7 милиони евра поголемо од нивото на 31.12.2015 година.

Нивото на депозитите на граѓаните на 31.12.2016 година е за 5,35 милијарди денари или за 87 милиони евра поголемо од нивото на 30.11.2016 година.

Годишниот раст на депозитите во денари за 2016 година изнесува 2,85%, односно 3,04% изразено во евра, пресметано по среден курс на НБРМ на 31.12.2016 година.

Движењето на депозитите на граѓаните во домашните деловни банки по месеци во 2016 година може да го видите на графиконот во прилог.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии