28 Мај, 2024
0.0243

ГРЦИЈА БРОЈ ЕДЕН КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ-Летувајте 10 дена за помалку од 100 евра

Објавено во: Стил 30 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Најбарана дестинација за летување во моментов за македонските граѓани и понатаму е соседна Грција.

Од туристичката агенција Атлантик турс велат дека и оваа сезона Грција и понатаму „води“, со оглед на тоа дека со години е дестинација број еден што се однесува до интересот на граѓаните.

Од „ТА Атлантик турс“ за Фактор откриваат дека најбарана дестинација во моментов е Халкидики, а заинтересираност има и за летување на третиот крак Атос.

„Годинава сме единствена агенција која има понуди за третиот крак Атос, и можеме да кажеме дека и за оваа дестинација побарувачката кај граѓаните расте.

20151219-2b27868cfb19ea8d82d92f468603fef4--800x600

Што се однесува до цените за Халкидики во претсезоната, поточно кон крајот на мај и почетокот на јуни тие се движат околу 69 евра по лице со вклучен превоз. Доколку пак сакате апартман со поглед на море ќе треба да си доплатите 10 евра по лице.

Тоа значи дека аранжманите за 50 одсто се поефтини во претсезона отколку во сезоната. Слично беше и лани.

Туристичките агенции имаат бројни понуди кои се однесуваат на нашиот јужен сосед, а дел од нив можете да видите овде.

Турција, пак, и оваа година буди доста интерес кај граѓаните пред се поради ниските цени на понудите.

„Моменталната ситуација придонесува за значително пониски цени на авионските аранжмани во луксузни хотели со 4* и 5*.

Иако има и такви кои ја избегнуваат Турција, има и доста кои се одлучуваат да летуваат таму поради како што споменавме ниските цени на понудите“, додаваат од ТА Атлантик турс.

Дел од туристичките агенции пак велат дека и Бугарија, Црна Гора, Италија и Шпанија бележат благ раст кога е во прашање интересот  на граѓаните, во однос на ланската сезона.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“