Груевски ги повика симпатизерите на протест пред суд
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
Никола Груевски преку својот Фејсбук профил го објави повикот до сите граѓани кои како што вели не се согласуваат со антидржаната политика на СДС да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот.
Протестот го најави ВМРО-ДПМНЕ за да им изрази поддршка на приведените во денешната акција на МВР по налог на ЈОРМ за настаните од Крвавиот четврток која опозиционерите ја оценија како директен притисок на власта.