03 Јануари, 2025
0.0291

Груевски не знае дали ќе може да го зачува мирот, ако Заев формира Влада

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Никола Груевски изјави дека неговата партија не знае дали ќе може да го зачува мирот и стабилноста во Македонија , ако СДСМ и албанската ДУИ формираат нова влада, бидејќи бил под голем притисок на своите избирачи.

Груевски рече дека членовите на ВМРО ДПМНЕ ќе бидат вознемирени ако се прекрши принципот владата да ја формира победник меѓу етничките Македонци со победникот меѓу етничките Албанци, што сега се ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

„Ќе направиме се за да го зачуваме мирот и стабилноста, но не можеме да предвидиме како работите ќе се развиваат. Ќе биде напнато, граѓаните се вознемирени, и ова прашање стана главна тема во нашата  земја. Етничките Македонци се длабоко фрустрирани, соочени со неуставен закон кој ќе наметне билингвален статус ширум земјата“, рекол Груевски пред Данкан и додаде дека ВМРО ДПМНЕ затоа предложи „како најдобро решение одржување на нова рунда избори“.

Лидерот на СДСМ Заев пак најави дека за 15 дена ќе формира влада со албанските партии, меѓу кои најголема е ДУИ на Али Ахмети, што во почетокот на Груесвки не му успеа, а ВМРО ДПМНЕ освои најмногу гласови.

Сепак вчера вечерта ДУИ излезе со став дека ги даваат потписите на СДСМ и Заев ја има шансата  да биде идниот мандатар.

Груевски рекол дека етничките Македонци се исфрустрирани бидејќи ДУИ ќе биде во коалиција со СДСМ и сака да издејствува неуставен закон за јазици.

Сепак овие тврдења уште на почетокот на преговорите на СДСМ со ДУИ беа строго дематирани, со образложение дека се што се договара е во рамки на уставот.

Во Скопје вчера имаше и протести по повод одлуката СДСМ во коалиција со ДУИ да биде идниот мандатар.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот