21 Ноември, 2017
0.4553
    ADIN 540    -1.82%     ALK 7350    -0.51%     BESK 10300    0%     CEVI 912    0%     FERS 57750    -2.94%     GRNT 801    -2.95%     KJUBI 1400    -2.78%     KMB 2700    0%     LOTO 600    0%     MPT 26900    -0.37%     MTUR 4224    3%     OHB 4851.54    -0.17%     REPL 54800    0.37%     RMDEN11 96    -0.62%     RMDEN13 96.4    1.47%     RMDEN15 95    0.05%     STBP 600    -0.17%     TETE 1938    4.76%     TNB 13500    -0.01%     TTK 816    0.38%     UNI 1905    0%     ZPKO 2600    -2%

Груевски се посилно сака да докаже дека се уште е партискиот ороводец

Груевски си „свирка“ - Бавната правда во корист до локалните избори

Објавено во: Анализа 13 Јули, 2017

Никола Груевски може да го оценувате на било кој начин, сакате од некогашен реформатор и технократ кој имаше слатки ветувања за напорна работа 24/7 до корумпиран политичар кој дозволи целото државно раководство да се заплетка премногу во својата огромна моќ и целосно да ја поклопи државната управа со партиска команда. Сепак, тоа што не може никако да му се забележи на Груевски е неговата неуморност и постојаното присуство на терен. 

Груевски се уште ужива силна позиција внатре во партијата, можеби не сите го сакаат и почитуваат како некогаш, но барем засега го нарекуваат свој лидер. За волја на вистината за прв пат внатре во ВМРО-ДПМНЕ поголема група на членови се обединија во Републички штаб за реформи во партијата. Тие изготвија повеќе документи, а сметаат дека само преку дебата ќе може да се донесат одлуки кои ќе бидат најдобри за партијата.

Токму тоа го предизвика Груевски да ја посети својата „Империја“, да се смеша со рајата и да им ги чуе маките. Од комитска вечер во Бутер до состанок со месен комитет Елпида Каламанди, Груевски прикажува неуморност и подготвеност постојано да биде меѓу членовите на ДПМНЕ кои пак од него не се откажуваат и тие се тие кои ја имаат „моќта“, слично како математиката - „Изборите ги добивме мнозинството народ е со нас, а против „предавниците од СДС без М“ како што постојано ги нарекуваат своите политички опоненти. 

Со Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ сегашната опозиција се надева дека може да победи на локалните избори во октомври кои по летните одмори ќе дојдат веднаш на дневен ред на политичката агенда. Секако, Груевски благодарение на големиот број на градоначалници од својата партија уште сега има можност да врши теренски посети, да му покаже на членството дека и натаму тој ги држи конците во рака и дека сите „проекти“ се по заслуга на неговата способност како политичар. 

Во прилог на Груевски е и „бавната“ правда. Поднесените десетина обвиненија од СЈО против него и целото партиско раководство не треба да се гледаат како политички притисок бидејќи тие процеси одамна се почнати, но никако да се ефектуираат без оглед што ќе почне нов изборен циклус. Судиите како во хор ги одбија сите барања за притвор од СЈО, се водат чудни прераспределби од советите, се врши блокада во Собранието за да се одолговлечи разрешувањето на Зврлевски и никако да се започне со дебата за реалните и најверојатно болните реформи кои се неопходни во оваа област. 

Груевски можеби е виновен, можеби не, но тоа нема да го дознаеме во судска постапка набрзо и ваквата неизвесност и не е лоша за него туку дури има и донекаде позитивни ефекти, тие што и натаму се „колнат“ пред него како лидер нема зошто да се откажат на „непроверено“.

Да не заборавиме дека очекувањата се огромни за правдата да биде вратена во Македонија, а ако некој не успее да воспостави ефикасен правосуден систем кој ќе биде независен и навистина нема да одговара на сите партиски нарачки може уште посилно да го запалат оганот кај гласачите. Но, овој пат гневот ќе биде насочен против СДСМ и нивната влада бидејќи тие ветуваа правда за сите, бидејќи вистинскиот хорор е злосторник или злосторници да поминат неказнети. Тоа е уште еден нус ефект од „неупотребливите“ судски процеси против Груевски кој всушност политички има поголема вредност за него отколку за СДСМ.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?