27 Декември, 2024
0.0294

Хаџи-Aнгелковски: Македонија ја отвора вратата за промени!

Објавено во: Економија 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

“Промените веќе долго време се случуваат во Македонија. Да, тоа е бавен процес, но верувам дека се менува начинот на кој граѓаните размислуваат за политичкиот процес и разбираат дека ова зло кое е на власт мора да се тргне и да одговара за своите криминали. Ќе потсетам дека во Македонија граѓаните протестираат веќе подолг период и дека протестите значат многу. Без „Протестирам“ и „Шарената Револуција“ денеска се уште ќе имавме аболицирани политичари и криминални, недемократски избори”- вели за Фактор, Демијан Хаџи-Aнгелковски, еден од активистите на Шарената револуција.

Борбата помеѓу политичката и правната држава, “лавовската  битка”  меѓу специјалната обвинителка Катица Јанева  и пратениците од власта и дел од членовите на Советот на јавни обвинители покажува дека следи турбулентен политички  период на силни притисоци и напади. Тој смета дека не смее да има  пролонгирање на неопходните промени и одржување на агонијата во која се наоѓаат граѓаните. Туку напротив, додава дека мора да има враќање на професионалноста на институциите и достоинството.

“Минимумот слобода и демократија во оваа држава значат и професионалност и достоинственост во работењето на сите институции. Никој не го спори правото за дебата и поставување на прашања во законодавниот дом, кои се од јавен интерес, но кога истото станува еден вид на мобинг и притисок, веќе не е во ред. Патот до правдата е еден, како што кажа обвинителката Фетаи. Правдата мора да се врати во нашата држава. Секој кој се огрешил пред граѓаните и пред законите на нашата држава мора доследно и да одговара за тоа. Не смееме да дозволиме како граѓани да ни го  уништат и последниот зрак на правна светлина во Македонија - Специјалното Јавно Обвинителство”- додава Хаџи-Ангелковски.

Студентите следната недела  излегуваат на референдум, граѓаните излегоа на улица во знак на подршка на работата на СЈО. Ова вели Хаџиангелковски е доволен сигнал за потребата од промени во секоја област.

“Промените веќе долго време се случуваат во Македонија.Ќе потсетам дека во Македонија граѓаните протестираат веќе подолг период и дека протестите значат многу. Без „Протестирам“ и „Шарената Револуција“ денеска се уште ќе имавме аболицирани политичари и криминални, недемократски избори. Се изборивме за многу, но ни останува уште за работа. Јас лично очекувам засилување на притисоците како што СЈО ќе покренува се повеќе истраги и како што ќе станува се’ посигурно дека одредени членови на власта сепак ќе одговараат пред законите. Се разбира, ова ја прави работата на Катица Јанева и нејзиниот тим доста потешка, но тие мораат да знаат дека ја имаат поддршката од мнозинството граѓани за да ја завршат својата работа доследно и според законите” -потенцира  студентот.

Граѓанскиот сектор според него  изврши голем притисок кон сите партии, истите да се реформираат и да станат отворени за граѓаните. Не смее да се  заборави како што вели  и Предлогот за итни реформи, популарно познат како Blueprint, кој го подготвија неколку невладини организации, а кој треба да биде поттик за  основа за демократски реформи во Македонија, веднаш по изборите.

“Верувам дека ќе има избори на 11 декември, но морам да се согласам со ставот дека ќе бидат многу повеќе референдум, отколку обични парламентарни избори. Сите мораме да работиме овој пат заедно и здружени против партијата на власт - ДПМНЕ.

Следејќи ги политичките, предизборни калкулации на владеачката партија, сега за сега ми се чини дека Уставниот суд нема да се дрзне да го укине Законот за  СЈО. Би сакал да потсетам дека според анкети за следење на јавното мислење, Специјалното Јавно Обвинителство има поддршка од 62% и тоа пред протестите на Шарената Револуција. Ова го прави СЈО најпопуларната државна институција, која ужива најголема доверба. Што може да се случи доколку законот се укине, никој не може да предвиди”- нагласува Демијан.

Македонија вели ја чека тежок период, тест-период  за сите граѓани, за демократијата, за враќање на правдата и правната држава. Шарената револуција не е изолиран став на неколку луѓе, таа е вели коректор на лошите политики, глас, крик на незадоволните граѓани кои сакаат подобро и повеќе. Ќе се активира во секој момент кога ќе биде нужно да се чуе гласот  и мислењето на граѓаните.  

“Следи период во кој сите граѓани ќе бидат исправени пред предизвикот, дали ќе поддржат криминално здружение кое ја има власта 10 години или ќе бараат сите оние кои се огрешиле да одговараат пред законите на Република Македонија. Ова е најблиску што сме дошле до вистинска демократија и слобода во последниве 10 години, мораме сите да ја искориме оваа шанса”- порачува Демијан-Хаџиангелковски-од Шарената револуција.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал