ХЕЦ Света Петка на тест: ученикот добар, наскоро ќе нè осветли!
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2012 08:24
Инсталираната моќноста на двата генератори на ХЕЦ Света Петка е 36,4 мегавати, коишто годишно треба да произведуваат околу 66 гигават-часови струја доволни за околу 10.000 домаќинства, односно околу 40.000 граѓани. Генераторите треба да преработуваат по 50 кубици вода во секунда. Испуштената вода од хидроцентралата Козјак треба да се преработи во Света Патка и да се добие струја. Ако одредено количество вода пак, се испушти од Света Петка, таа вода ќе ја преработи најниската акумулација Матка 1, електрана која ја оперира ЕВН Македонија. Со изградба на оваа електрана се заокружи проектот на три каскадни акумулации изградени на реката Треска. ХЕЦ Света Петка според првичните најави требаше да стартува со производство пред три години. Доцнењето во градбата ЕЛЕМ ќе го плати со “пенали“ од 10 милиони евра кон главниот изведувач на проектот-словенечки Рико. Во декември минатата година тројца арбитри од Комисијата за разрешување спорови (Dispute Adjudication Board–DAB) одлучија дека и Рико и ЕЛЕМ меѓусебе ќе си платат отштета, но по пребивањето ЕЛЕМ остана должен на Рико. Со ова, првично проектираната инвестиција се искачи на 75 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




