18 Декември, 2025
0.1185

И официјално ќе се дигне акцизата за дизелот

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2017 08:32

Добивај вести на Viber

Владината мерка за собирање на повеќе средства во буџетот и како што тогаш беше соопштено да се заштити животната средина со кревање на акцизата за дизел горивата за 3 денари, веќе е официјализирана.

„Владата го разгледа и го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари“, соопштија од Владата на РМ. 

Следен чекор е предлог законот да влезе во собраниска процедура каде исто така се очекува да добие поддршка, па единствено што ќе преостане е можност пратениците да ја продолжат јавната дебата, особено опозицијата која секако ја критикуваа оваа мерка.

Министерството за финансии објави дека за 24 отсто ќе поскапи акцизата за дизел горивата од почетокот на идната година. Од сегашните 12,5 денари за 15,5 денари за литар дизел гориво. 

Министерството за финансии очекува вкупен раст на буџетските приливи за 1,95 милијарди денари кои ќе бидат резултат на зголемиот износ на акцизата и ДДВ –то. Од акцизата приходите во буџетот треба да пораснат за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ-то кое ќе порасне како резултатот на основицата на која се пресметува приходот ќе порасне за уште 350 милиони денари. 

Од Владата и министерството за финансии велат дека не очекуваат притисок врз растот на цените со подигнувањето на цените на дизел горивата. Инфлаторни ефекти постои ризик да има во транспортот, такси превозот, јавниот градски превоз како и во земјоделието, гранки кои многу зависат од цената на дизел горивото.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје