21 Мај, 2024
0.0271

Индустријата тоне!

Објавено во: Економија 06 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Погоните на фабриките од месец во месец произведуваат се помалку. Доказ за тоа се статистичките податоци кои покажуваат дека во првите девет месеци од годинава физичкиот обем на производството во индустријата падна за 7% во споредба со истиот период лани. Но, и овој мал процентен пад е застрашувачки дотолку повеќе ако се спореди со податоците од претходните години. Статистиката покажува дека и покрај економската криза која ја зафати македонската економија кон крајот на 2008 година и цела 2009 година, физичкиот обем на производство во индустријата не потонал. Анализирано по месеци, физичкиот обем во индустриујата е најлош во јануари годинава кога има пад од дури 27% во споредба со истиот период лани и во февруари каде падот изнесува 17%. Благ пораст на обемот на производство во индустријата од 1% има во март, од 2% во јуни и од 7% во јули. Останатиот период од годината, според државната статистика индустријата работела слабо. Физички обем на производство во индустријата I-IX 2012 2011 2010 2009 2008 2007 2006 -7% +3,3% 0 +5,1% +15,1% +9,5% +5,4%   Извор: Државен завод за статистика

Можеби ќе ве интересира

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи