Иницијативата за внатре-партиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ ја започна својата акција наречена „Ѕид на срамот“
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2017
Иницијативата за внатре-партиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ ја започна својата акција наречена „Ѕид на срамот“ со која на членовите на ВМРО ДПМНЕ кои се однесуваат насилно, агресивно и ги малтретираат членовите на партијата сакаат јавно да ги објават и јавноста да биде запознаена со ваквите постапки од поддржувачите на актуелниот претседател. Повод за оваа акција е притисокот и заканите кои ги трпат и се прават врз членовите на инцијативата за внатре-партиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ со цел да се откажат од процесот на демократизација и реформи во партијата. Претседателот на ОК Бутел Дарко Костовски заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација, Александар Атанасов јавно се закануваат со физичко и вербално насилство врз членовите на партијата доколку активно не се вклучат во поддршка на кампања за избор на градоначалник во Бутел. Заканите идат до таму што веќе се прават списоци за членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во ЈП Водовод и Канализација и кои ќе бидат прераспределени на пониски позиции во претпријатието, и се вработени кои се подржувачи на Иницијативата за внатре-партиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
“Праксата за притисок и закани за поддршка на паријата и кандидати во кампања нема да бидат дел од ВМРО ДПМНЕ и јавно го осудуваме овој начин на делување на Дарко Костовски и Александар Атанасов. Тие треба да се грижат за граѓаните и да работат во нивен интерес, а не да се закануваат на членовите и со закани да бараат поддршка. Господинот Атанасов треба да е засегнат зошто во општината Аеродром континуирано се случува прек со снабдување со вода, а не да води кампања со линч врз граѓаните. На ѕидот на срамот ќе бидат објавени сите имиња на членови кои ќе се дрзнат да агитираат и закануваат за поддршка. Денес ги објавуваме првите имиња и континуирано ќе ги објавуваме имињата на сите оние кои ќе се дрзнат да работаат спротивно на идеалите на ВМРО ДПМНЕ. Мораме да работиме да слобода и демократија има во сите институции, политички партии и во јавноста, тоа не задолжуваат генерациите наназад кои жртвуваа многу за да ние денес уживаме во неа. Да не дозволиме Македонија да се претвори во лична своина и диктатура на поединци. Европско ВМРО ДМПНЕ за Европска Македонија” - велат од иницијативата.