20 Април, 2024
0.0280

ИНТЕРВЈУ ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА: ИВАНОВ И ГРУЕВСКИ НЕМАА НИШТО ПРОТИВ ЗАЕДНИЧКИ ДА ЈА СЛАВИМЕ ИСТОРИЈАТА

Објавено во: Македонија 02 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Бугарија остaнува лобист за евроатланскиот пат на Македонија. Политичарите се одоговорни за продлабочување на односите меѓу граѓаните и државите. Во ексклузивно интервју за Фактор и ТВ 24 бугарската вицепремиерка и шеф на дипломатијата со оценка –“Основниот проблем лежи во политичарите. Според мене, тие, за жал, ги стмулираа историчарите, дали финансиски, дали идеолошки, да ги разделат двете држави.  Затоа и се радувам што ние политичарите созреавме доволно, за да го склучиме овој договор и да им дадеме пример на нашите граѓани... Да ја оставиме историјата на историчарите, но историјатата да не обединува, а не да не разделува, така како што тоа се случува во современа Европа и современиот Свет”.

Шефовите на дипломатиите Екатерина Захариева  и Никола Димитров  за само еден месец го ефектураа политичкото прегрнување на премиерите Борисов и Заев во Софија и Скопје

“Бугарското собрание единогласно, меѓу другото, ги поддржа напорите на Владата за потпишување на Договорот за пријателство и добрососедство. Се надевам и ја повикувам и Вашата опозиција да разбере, дека политиката на остар национализам не води кон поврзување на нацијата,  точно води во спротивниот пат”...

Во прво интервју за еден македонски медиум Захариева со доза на незадоволство го коментира реемитувањето на филмот “Трето полувреме“ на МТВ на денот на потпишувањето на Договорот во Скопје.

За евентуалната разврска околу спорот за името со Грција Захариева соопштува дека “Бугарија, како своја желба, посакува решението да не биде поврзано со Северни географски поими, бидејки, така или онака во Бугарија исто има Пиринска Македонија”. 

Разговараше Горазд ЧОМОВСКИ

Фактор: Дали агедната „Берлин плус“ е замена за членство во ЕУ и формирање на нов Балкански сојуз  со заеднички економски  пазар? Колку оваа иницијатива ја враќа еднаш суспендираната идеја за Европа во две брзини ?

Захариева: Ако прашувате, дали Берлинскиот процес ќе го замени рамноправното членство  - не мислам.  Точно спротивно на оваа сомневање. Идејата на Берлинскиот процес  е да ги забрза процесите и поддржи државите од Западниот Балкан да спроведат реформите, да бидат поврзани една со друга, да бидат поврзани со соседите и да може побрзо да транзитираат  во процесот на пристапување. Вистината е дека една деценија се бараат решенија, но сега во Трст беше поканет и Бугарскиот премиер, Канцеларката  на Германија, Францускиот Председател, Италиjанскиот Премиер, Австрискиот канцелар, Министерот на надворешните работи на Велика Британија, плус државите од Западните Балкани.  Со нивна одлука  Македонија доби една од најголемите суми за Коридор 8, којшто ќе пги оврзе Италија, Албанија, Македонија и Бугарија. Вистината е, дека Берлинскиот процес и посветеноста на тие држави кои ги набројав значат поддршка на Европската Унија за членство, но се е во рацете на владите од Западниот Балкан. Колку и каква ли поддршка да даваме, без реформите, без добрососедски односи нема европска иднина.


Фактор: Бугарската Влада проширувањето го поставува високо на агендата за време на претседавањето со ЕУ. Премиерот Борисов ја потенцираше важноста од што поскора интеграција на Македонија. Колку се реални и остварливи амбициите на македонската Влада да ја внесе земјата во НАТО под привремената ререференца FYROM и да ги отпочне преговорите со ЕУ ?

Захариева: Да, еден од основните приоритети на претседавањето на Бугарија и на следната европска тројка е проширување кон Западниот Балкан.

Верувајте не беше лесно овој приоритет да биде вклучен, но нашата заложба започна, ќе започне и започнува уште од сега, а реално започнува од 25 Октомври оваа година кога во Бугарија ќе се одржи Советот за правда и внатрешен ред на каде ќе бидат поканети државите од Западен Балкан ,министрите за правда и министрите за внатрешни работи.

На една од најбитните средби на политичкиот врв на Унијата, наредната година во Софија, повторно тема е Западниот Балкан.

Доколку зборуваме реално и тоа е веродостојно, знаете дека имате редица на препораки ,75 основни приоритети  и планови за реформи кои вашата влада треба да ги исполни.

Знаете дека на почетокот на 2001г до 2004г изгледаше дека Македонија доста брзо се движи во процесот , во 2005 г добивте кандидатски статус , но од 2005г до сега, како што може да се забележи го подзапревте темпото . Се радувам што оваа влада го постави како основен приоритет исполнувањето на препораките за реформи, во судството, ,администратцијата ,медиумите, борба со корупцијата и ред на други области. Сега е важно темпото на реализација на реформите. Знаете дека Бугарија е една од првите држави, всушност првата која во Јануари 1992 година ја призна  Р.Македонија. Вистината е дека треба да решите проблемите со сите соседи.  Бугарија до сега што го поддржувавме партнерството и преговорите на Македонија со НАТО, но и на тој пат треба  да исполните ред  на препораки . Се надевам дека наскоро, како што започнаа решавањето на проблемите со Бугарија, многу брзо да успеете да постигнете договор со Грција.

ИСТОРИЈА КОЈА ВОДИ КОН ИДНИНАТА

Фактор: Македонците и Бугарите се блиски народи според јазикот, историјата, обичаите, музиката, како што можеме да видиме на телевизиите, особено во Бугаријa. Зошто тогаш политичките и интелектуалните елити досега не направија нешто за оваа блискост да биде искористена за меѓусебна поддршка?

Захариева: И поговорките ни се доста слични. Основниот проблем лежи во политичарите. Според мене, тие, за жал, ги стмулираа историчарите, дали финансиски, дали идеолошки, да ги разделат двете држави.  Затоа и се радувам што ние политичарите созреавме доволно, за да го склучиме овој договор и да им дадеме пример на нашите граѓани. Вистината е, како што и вие кажавте и целосно сте во право, дека сме исклучително блиски. Над 500.000 илјади туристи од Република Македонија ја посетуваат Бугарија, над 350.000 граѓани на Ребублика Бугарија доаѓаат во Македонија. И вистината е кога  ја искривуваме историјата, кога создаваме омраза кон соседите, единствениот резултат е изолација. Таа, за жал,овде продолжува години наназад. Ние навистина сме добронамерни и знаете  дека јас ги поздравувам и двајцата премиери затоа што врз нив лежи политичката одговорност.  Догворот им дава иднина на ѓраѓаните, на младите луѓе,  перспектива на Република Македонија за Европски напредок, за вистинска поврзаност  и Европски перспективи. Освен Договор за  добрососедство, пријателство и соработка, потпишани се и  два Меморандум  Министерства за транспорт и врски, за поврзаност со Коридор 8, како и Меморандум помеѓу Министерот  за енергетика на Р. Бугарија и Министерот за економија на Р. Македонија  за гасовна поврзаност. Овој договорот уште пред да стапи на сила започнува да функционира.

Фактор: Дали со потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, ќе се надмине деценискиот анимозитетот дозата на меѓусебната недоверба? Властите и во Скопје и Софија се соочуваат со критики, сепак парлментарците во Софија беа едногласни?  

Захариева: Така е, имаше многу критики. Но, се радувам, дека Бугарското собрание едногласно, меѓу другото, ги поддржа напорите на Бугарската Влада за потпишување на Договорот за пријателство и добрососедство, се надевам и ја повикувам и Вашата опозиција да разбере, дека политиката на остар национализам не води кон поврзување на нацијата,  води кон точно спротивнот пат. Се надевам дека Вашата Опозиција треба да разбере, дека договорот е пред се добар за двете страни, независно од пофалбите, кои ги добивме од Европската Комисија, пофалбите кои ги добиваме од Германија и Франција, т.е. тој е пред се добар за граѓаните на двете држави.

Фактор: Околу од 80 проценти од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка бил усогласен уште во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Како го толкувате огромниот отпор кај екс премиерот Груевски ?

Захариева: Би рекла дури 90%. Навистина не наоѓам основ за забелешки и уште повеќе што не 80% , но 90% од текстот на договорот беше скоро договорен, но факт е дека, не беше потпишан. Како политичар можам да ги разберам  внатрешно политичките спротиставувања помеѓу Владата и опозицијата, но одговорната политика, независно, дали е во владејачкото управување или во опозицијата би требало да ги поддржува активностите на тие што управуваат и кои ја водат кон Европски напредок и сојузништво со НАТО. Не наоѓам основа за критики и ја повикувам и опозицијата да го поддржи овој Договор, уште повеќе, што голем дел од преговорите, вклучително официјални изјави на бившиот Премиер Груевски, на Претседателот Иванов, биле  за негово потпишување, за прославување на заедничката историја. И тоа се официјални изјави, има писма од Претседателот Иванов до предходниот Председател Плевнелиев, писма од претходниот министер на надворешните работи на Македонија, до предходниот министер на надворешните работи во Бугарија, така да треба за отпочне изградба на довербата помеѓу двете држави. Отсега ќе биде потребно време и сите треба да бидеме свесни за тоа. Договорот не значи стопроцентна  доверба, но тоа од своја страна значи, дека политичарите на двете држави ќе работат за општа иднина на граѓаните од двете држави и јас силно се надевам дека сите политичари од двете држави ќе работат  за овие цели. Се разбира предвидено е  да се формира Комисија на паралелен принцип. Да ја оставиме историјата на историчарите, но историјатата да не обединува, а не да не разделува, така како што тоа се случува во современа Европа и современиот Свет.

БУГАРИЈА ПРОТИВ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА

Фактор: Македонија и Грција треба да го затворат и спорот околу името? Дали договорот со Софија создава услови за пофлексибилни  решенија и за него?  

Захариева:  Навистина се надевам. Примерот што го дава Македонската влада е стимулативен и јас се повикувам на најавите на Премиерот Заев за решавање на проблемите со соседите, бидејки, како што зборуваме, кога имаш потешкотии со тројца од четирите соседи може би требало да се замислиш, каде има проблем -  дали е кај соседите или дали немаш проблем самиот како политичар?  Од оваа гледна точка разговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција ќе продолжат со интензивно темпо. Бугарија, како своја желба, посакува решението за прашањето на името да не биде поврзано со Северни географски поими, бидејки, така или онака во Бугарија исто има Пиринска Македонија. Мислам, дека има добронамерност кај сите Влади. Зборувавме со мојот колега во Грција - Г-дин Коsиас, зборував со Г-от Димитров и силно се надевам дека ние политичарите  се научивме да правиме компромиси, бидејки политиката, подпишувањето на договори, решавањето на спорови се и компромиси и на двете страни.

Фактор: Во една изјава Премиерот Борисов во јуни  2012 година кажа - „Кога името има географска одредница тогаш се создава опасен преседан“.

Захариева: Не, не е така. Не значи тоа. Веќе напоменав дека не би можеле да се согласиме со решение кое е поврзано со Северна Република, Горна, бидејки тоа за нас е Пиринска Македонија. Но со сигурност тоа е разговор на две автономни држави - Република Македонија и Република Грција. Но и за нас е важно решението за името да не е поврзано со делови од Бугарија.

Фактор: Повеќе јавни личности во Бугарија често знаеле да одговорат дека се Бугари од македонско потекло .Дали Вашите Турци велат дека се Бугари со турско потекло?

Захариева:  По Бугарската конституција секој има право да се декларира како што ќе реши.  Се надевам во Вашата држава да дојде такво време. Тогаш кога некој се декларира како бугарин, албанец, турчин, ром, треба да биде со истоветни права како за сите. Во Уставот на Бугарија секој може да се декларира како што посакува. Во последниот попис  имаше луѓе кои се декларираа како џадаи. И сите по Бугарската конституција се со еднакви права и никој не може да биде дискреминиран. Според нашиот Устав  Бугарија не може да се меша во внатрешните работи на определена држава и да има претензии кон граѓаните на туѓа држава, таа може да се грижи, да ги брани само бугарските граѓани  во туѓа држава. А тоа како тие се декларираат на територијата на Република Бугарија е абсолутен нивен слободен избор.

Фактор: Дали откако е потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, Бугарија ќе биде еден од главните лобисти на Македонија на евроинтергативниот пат?

Захариева: Се надевам дека Договорот ќе  се почитува, бидејки разбрав, дека на една, всушност на Националната телевизија,  на  денот на потпишувањето ќе биде емитуван  најантибугарскиот филм. Самото потпишување, кое е многу важно, значи зрелост на политичарите за потпишувањето и компромис, но треба да се отпочне со негова реализиција. Со сигурност Бугарија е голем бранител на Република Македонија на патот кон НАТО и кон Европската Унија и по патот до отворена, добронамерна, интегрирана, просперитетна, демократска што ги почитува правата на граѓаните Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите