ИНТЕРВЈУ МАРТИЈА СТАНОЈКОВИЌ: Ѕвездичка која има сон да го освои светот!
Објавено во: Стил 28 Март, 2016 08:12
Фактор: Кој и зошто те пријави на Пинк звездичките? Дали претходно имаш учествувано на вакви слични музички натпревари?
Мартија: На Пинкови звездички ме пријавија мајка ми и татко ми. Ме прашаа дали сакам и јас со воодушевување прифатив. Инаку претходно на мојата седум у осум годишна возраст учествував на кумановскиот детски фестивал „Детелинка. Првата песна ми се викаше „Пејачка“, а втората „Зоки Зоране“.
Фактор: Кој ти е најголема поддршка во целиот овој период?
Мартија: Најголема поддршка ми се моите родители, брат ми и сестра ми, братучетка ми Јована и сите мои поблиски и подалечни роднини и другари. Но, не смеам да ја заборавам мојата професорка, мојот ментор Ивана Свилар, која несебично се труди да ми го пренесе сето потребноо знаење, за да можам да бидам тоа што сум сега на сцена.
[caption id="attachment_207774" align="aligncenter" width="666"]
Мартија Станојковиќ е родена во Скопје на 7 април 2004 година. Одлична ученичка е во шесто одделение во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово. Уште како мала имала голем интерес за музика и танц, така што уште од својата 4 година се запишала во балетското студио „Ултра“ во Куманово. Учествувала на бројни натпревари, како државни така и меѓународни, и на светско ниво има освојувано и први места. Кога тргнала на училиште паралелно се запишала и во основно музичко учiлиште и четири години свирела виолина. Но, откако се пријавија на Пинковите звездички, сите други активности се ставени во мирување и најмногу време поминува со својор ментор Ивана Свилар каде ги усовршува своите вокални и солистички способности.[/caption]
Фактор: Дали се напорни снимањата, патувањата? Дали создаде нови пријателства во Белград или меѓу себе се доживувате како конкуренција?
Мартија: Да, секако дека патувањата се чести н напорни, зошто имам обврски во училиште, а тука се и часовите по пеење.Нови пријателство секако дека имам многу. Сите многу се дружиме, и сите многу ги сакам. Кога сме заедно на снимањата во Белград не ни размислувам и не ги доживувам како конкуренција, но факт е дека сме си конкуренција затоа што сите сме многу добри во пеењето.
Фактор: Кој ти помага при изборот на песните и колку време е потребно да се подготвиш за еден настап?
Мартија: Сите даваат по некоја сугестија за некоја песна, но можам да кажам дека изборот го правиме со мојата професорка Ивана. Времето за подготовки е различно секогаш. Некогаш имам 15 денови за подготовка на песни, некогаш и еден месец, во завивност кога ќе ни ги закажат снимањата.
Фактор: Каква е Мартија приватно? Факт е дека си славна, но дали те промени тоа
Мартија: Мартија приватно е обично дете кое оди на училиште и се дружи со своите другари како и порано, но сега се зависи од тоа колку ми дозволува времето. Секако дека славата ми годи многу, но ќе се трудам да останам приземна и достапна за сите како и досега. И мислам дека не сум променета, но сепак најдобро е тоа да го кажат сите кои ме познаваат.
Фактор: Каде се гледаш во иднина? Дали музиката ќе биде твоја животна определба?
Мартија: Мојот сон е да стапнам на некоја светска сцена. Иако сум многу мала и уште не се размислувала на таа тема, но би сакала со музика да се бавам целиот мој живот.
Фактор: Доби пофалби од жирито дека си веќе изградена пејачка и поп звезда. Кој е твој музички идол?
Мартија: Од македонската сцена идол ми е Тамара Тодевска, а од светската сцена Ариана Гранде.
Фактор: Од кој член на жирито најмногу имаш трема и како се чувствуваш кога ќе се појавиш на сцената?
Мартија: Секогаш имам, но можам да кажам позитивна трема пред да излезам на сцена. Кога ќе се отвори вратата и кога ќе зачекорам на сцената веќе ја нема тремата и сакам мојот настап подолго да трае. Сакам да пеам пред публика. За жирито не можам некого посебно да издвојам. Никој не ми дал досега лош коментар.
М.Ј.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2f2cuMh9-Ek[/embed]
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се




