15 Декември, 2025
0.0721

Интервју со Џиjан Емин-Џин на звукот во Македонија: Се уште сум на прва борбена линија

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2017 10:39

Добивај вести на Viber

Би препорачал на публиката  да се опушти и да ужива во она што сме  го подготвиле за нив со надеж дека ќе им се допадне. Ве чекаме на Neuland Sensorium, порачува Џијан Емин.

ФАКТОР: На 25ти ноември ќе се одржи несекојдневниот Neuland Sensorium настан во Мала Станица, каде македонската публика ќе има чест да ужива, покрај другите уникатни доживувања и во вашата музика. Како вие ја доживувате музиката?


ЏЕ: Пред некој ден констатирав дека всушност ова е мој прв солистички настап во Македонија. Драго ми е што се случува на вакво високо ниво, со голем оркестар и врвна техничка продукција, како дел од проектот Neuland во Македонија. Музиката секогаш ја доживувам различно во зависност од самата музика и она што таа го кажува, дали носи некаква порака, дали има суштина и живот во идејата. Секако уште многу други фактори и аспекти одлучуваат за тоа како ќе доживеам одредена музика. Покрај тоа што сум професионален музичар цел живот, се уште можам да слушам музика како обичен слушател и тоа е за мене голема среќа, бидејќи успевам да се радувам на добра музика и да се препуштам на чувствата и енергијата кои таа ги носи. Сакам да кажам дека едноставно се уште можам да си дозволам да уживам во музика, музика која истовремено можам да ја чувствувам, вкусам и слушнам, а токму тоа ќе се обидеме и да го направиме и за сите гости на Neuland Sensorium оваа сабота.

ФАКТОР:Neuland платформата ве препознава како џин за звук во Македонија и пошироко. Како го доживувате предизвикот да се спојат вкусови, форми, визуелни и звучни искуства во нешто досега невидено, непознато?

ЏЕ:Секој уметник кој се стреми да биде голем, презема храбри чекори и одговора на предизвиците во уметноста, кои се круцијални за добивање нови форми, нов израз, нови начини, кои носат воспоставување нови медиуми, т.е. нови начини на споделување на уметноста. Тоа на некој начин ќе го добиеме на претстојната мултисензорна „изложба“  Neuland Sensorium  на 25ти ноември во Мала Станица. Правејќи кратка ретроспектива во однос на моето делување како музичар, драго ми е што се уште сум присутен со постојана желба за откривање нови работи,  #UpForTheUnknown. Или да цитирам еден мој пријател кој вели за мене дека се уште сум „на прва борбена линија’“  :-) 

ФАКТОР: Сите со нетрпение го очекуваме 25ти, кога за време на настанот Neuland Sensorium на публиката ќе и понудите посебна проекција на музиката. Што може да очекуваме? 

ЏЕ: Гледам дека публиката се уште не е сосема свесна што може да очекува на Neuland Sensorium во Мала Станица.  Мислам дека не треба да имаме очекување, едноставно треба храбро да зачекориме и уживаме во оваа несекојдневна музичка и визуелна експресија. Со задоволство ве очекувам на Neuland Sensorium, заедно да зачекориме на патот на непознатото.


Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија