Интервју со младиот Шекеров кој со апликации им помага на децата
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2017 08:29
Македонија има многу млади таленти кои прикажуваат одлични резултати со своите ИТ и програмерски вештини, а меѓу нив е Даријан Шекеров, програмерот кој ја изработи познатата апликација „Слико збор“ наменета за децата со аутистичен спектар. Овој млад програмер е добитник на повеќе награди и досега има изработено дваесетина апликации за Android меѓу кои освен за помош на децата има и игри и забавни содржини. Дознајте повеќе за за талентираниот Шекеров кој веќе има големо искуство зад себе програмирајќи од многу рана возраст, за неговите перспективи и надежи за развој во ИТ индустријата.

Разговараше Христијан Станоевиќ
Фактор: Како започна да креираш апликација за паметни телефони, дали изработуваш само за Android платформата и каде се може да се најдат твоите апликации?
Шекеров: Започнав прво со креирање апликации за компјутер. Кога излезе Андроид како мобилна платформа која е широко достапна за сите, започнав да изучувам Андроид преку интернет. Потоа, почнав да правам сам апликации и да ги објавувам на Google Play Store, прво поедноставни, а потоа како учев и напредував правев и посложени апликации. Моментално изработувам апликации само за Андроид платформата, но имам познавање и од iOS, Web апликации, Windows апликации итн. Како што кажав, апликациите може да се најдат на Google Play Store и може бесплатно да се симнат.

Фактор: Голем успех постигна со апликацијата „Слико збор“ наменета за децата со аутистичен спектар, кој беше мотивот за ваква апликација и дали истата планираш да продолжиш да ја развиваш?
Шекеров: Мотивот на апликацијата беше детето Илин кое има аутистичен спектар т.е. попреченост во говорот. По барање на здружението и родителите со деца со попречености, ја направив апликацијата и многу сум горд и среќен што мојата апликација им помогна на многу деца во Македонија и во светот. Апликацијата е добро прифатена од дефектолозите, родителите и здруженијата и тоа се гледа по позитивните критики и од бројот на симнувања кој е околу единаесет илјади. Досега имам направено неколку надградби на апликацијата; можеби ќе има некоја во иднина ако има барање од здруженијата.

Фактор: Досега имаш изработено дваесетина апликации и игри лансирани во Play Store, дали имаш помош од некого и која е нивната цел?
Шекеров: Имам направено вкупно 16 апликации. Моја последна апликација е „Шарена Азбука“. Апликацијата „Шарена Азбука“ е наменета за малите дечиња кои што почнуваат со учење на буквите од азбуката и првите зборови. Направена е да биде едноставна за користење бидејќи целта на апликацијата е полесно и поедноставно описменување на малите деца од предшколска и рана школска возраст. Од апликациите, половина се игри, а другите се апликации, од кои некои се забавни, некои се едукативни. Идеите и изработката на апликациите се лично мои, зашто сум самоук за Андроид, односно се што имам научено го знам од пребарување на интернет.
Фактор: Што може да им кажеш на читателите на Фактор, кои се твоите желби, каде се гледаш во иднина?
- Шекеров: Се исплати, бидејќи преку создавањето апликации се стекнува искуство во програмирањето и може да се заработи преку изработка на некој иновативен проект.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




