28 Март, 2024
0.0263

ИНТЕРВЈУ ТРЕНЕСКА-ДЕСКОСКА: Ќе го спречиме тонењето на образовниот систем!

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Потребни се многу измени во образованието. Ќе бидат преиспитани програмите за настава, како и учебниците во кои има многу небулози и грешки, во кои има говор на омраза и дискриминаторен говор. Учебниците треба да градат поколенија на партиципативни граѓани, а не слепи послушници. Учебниците треба да создаваат граѓани кои ќе знаат дека тие се примарни, а не државата- вели во интервју за Фактор, министерката за образование и наука, Рената Тренеска-Дескоска.

Ресорот образование знаела дека е еден од најтешките во системот, но  била свесна за тоа уште со првиот чекор  на новата  функција. Поразителните политики на ВМРО-ДПМНЕ како што вели  оставија пустош во образованието, за што ќе треба напор прво да се спречи натамошното тонење на образованието, а потоа и време за да се врати квалитетот на наставата и дигнитетот на професорот.

Фактор.мк: Деновиве се случија неколку суштински промени во образовниот процес кои долги години беа рак рана за учениците, студентитете и воопшто квалитетот на образованието. Од укинување на екстерното, дисперзираните студии, регулирање на неплатените сметки за студентските и ученичките домови. Колкава штетa беше направена со овие проекти?

Тренеска-Дескоска: Мене ми е навистина драго што првата мерка на новата Влада беше укинувањето на екстерното тестирање. Многумина не веруваа дека ќе успееме да го укинеме екстерното тестирање за оваа година, но успеавме. Други не веруваа дека сме искрени во намерата за укинување на екстерното и мислеа дека ќе ни биде добредојдено како механизам за контрола врз наставниците. Секоја злонамерна власт тоа би го направила. Но, нам намерите ни се искрени, а критиките што ги упатувавме за екстерното тестирање оправдани. Екстерното тестирање не претставуваше релано мерило на знаењето на учениците, ниту пак доведе до поквалитетно образование. Напротив, го наруши дигнитетот на наставниците и ги направи уште поподложни на закани и притисоци од директорите и власта.

Преиспитувањето на дисперзираните студии јас го најавив уште првиот ден при примопредавањето на функцијата. Втората мерка која ја спроведовме, а која е во насока на подобрување на квалитетот на наставата е укинување на одредени дисперзирани студии. На УКИМ долго време се дискутира за оправданоста и квалитетот на дисперзираните студии. Нивното воведување беше ефтин популизам на ВМРО-ДПМНЕ кој студентите го препознаа и одбија да студираат на овие студии, гледајќи дека студиите на матичните факултети на УКИМ се поквалитетни одошто студиите на дисперзираните. И затоа последните години воопшто и не постоеја дисперзирани студии на факултетите при УКИМ. Како може на пример Машинскиот факултет да обезбеди квалитетна настава во Кавадарци, кога лабараториите, нагледните средства им се во Скопје? И затоа минатата година ниеден студент не се пријавил за дисперзирани студии на Машински факултет во Кавадарци и во Струга. Исто било и во 2015, додека во 2014 за студии во Кавадарци се пријавиле двајца, а за студии во Струга само еден. И секако ним им било понудено да студираат во Скопје. Слична беше ситуацијата и на Економскиот и на Правниот и на другите факултети при УКИМ, кои практично и покрај распишаните конкурси за дисперзирани студии, добија можност да студираат само во Скопје. Ставот на новата Влада е дека нема да ги лажеме студентите. Нема потреба од лицемерно распишување конкурси за кои однапред знаеме дека нема да се реализираат. Решивме да одиме чесно, отворено и реално и да понудиме слободни места на студии за кои има веројатност дека ќе се реализираат.

Фактор.мк: Што првично затекнавте во ресорот, има ли сериозни предизвици на кои приоритетно ќе се работи?

Тренеска-Дескоска:Ресорот образование е еден од најтешките, ако не и најтежок ресор. Бев свесна за тоа кога влегов во него, бев свесна дека поразителните политики на ВМРО-ДПМНЕ оставија пустош во образованието, бев свесна дека ќе треба напор прво да се спречи натамошното тонење на образованието, а потоа и време за да се врати квалитетот на наставата и дигнитетот на професорот. Влегов во министерство за чие работење се водат истраги и од страна на СЈО и од Основното обвинителство за организиран криминал, министерство кое во два наврати во последниве десет години има добиено исклучително негативни ревизорски извештаи. Влегов во ресор кој се соочува со огромни долгови, а опфаќа многу корисници и даватели на услуги. Практично сите сме директно или индиректно клиенти и засегнати од образованието, било како ученици, студенти, родители, работодавци… Практично образованието ги тангира сите, без исклучок. И проблемите во овој ресор се лесно видливи и ги чувствуваат речиси сите.

Исклучувањето на струјата во студентскиот дом Гоце Делчев го вклучи алармот на целата јавност колку е сериозна материјалната ситуација во образованието. Состојбата не е подобра ни во училиштата. Големи се долговите за струја, вода, греење. Лош е квалитетот на храната во студентските и ученичките домови. Со еден збор ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во образованието: како материјален, така и духовен. Огромни штети, тешко поправливи.

Фактор.мк: Како ќе се справувате со силната партизација која изминативе десетина години беше забележана особено во образованието, па наместо да едуцираат наставниците беа загрижени како да го задржат работното место, па дури да реагираат и како партиски послушници на митинзи и протести?

Тренеска-Дескоска: Видовме срамни и недолични однесувања на професори и директори на училишта кои наместо да едуцираат манипулираа со учениците, па ги користеа како партиски пиуни во играта за задржување на власта преку протести, вандализам и дивеење во Парламентот, носење на погребни крстови и сл. Како ќе делувате ова да не се повтори?

За жал ВМРО-ДПМНЕ најбесрамно манипулираше со наставниците во изминативе години на нивно владеење, со притисоци и уцени. На наставниците им беше згазено достоинството. А погазен наставник не може да биде достоен “модел” за своите ученици. Наставникот треба да биде “морална вертикала” која ќе пренесува не само знаење, туку и вредности и доблести на своите ученици. Каков пример може да даде наставник кој користи говор на омраза или учествува во насилни настани? Мојот став е дека е потребна јасна правна рамка за дозволено и недозволено однесување на наставниците кои работат со малолетници, како и етички правила кои ќе го регулираат однесувањето кое не може да биде опфатено со правните норми.

Фактор.мк:Каква е соработката со УКИМ, таму знаеме дека имаше силна врска со Студентскиот парламент кому му беше дозволено да делува спротивно на Статутот а да има удел во гласањето и носењето на важни одлуки на универзитетот во име на студентите?

Тренеска-Дескоска:Правилата за студентското организирање ќе бидат сменети во рамките на реформата на високото образование. Студентските организации мора да им припаѓаат на студентите, а не на подмладоците на политичките партии. Неопходни се легитимни студентски претставници, кои ќе го артикулираат изворниот студентски интерес. Во спротивно секогаш ќе постои потреба од алтернативно здружување. Студентите се авангардата во секоја држава, па и кај нас. Тоа го покажаа и со студентските протести, кога храбро се спротивставија целосното укинување на автономијата на универзитетот. Со новата законска рамка ќе им ги “вратиме” студентските организации на студентите.

Фактор.мк: Што друго ќе претрпи измени во делот на програмите за основно, средно и високо образование?

Тренеска-Дескоска:Потребни се многу измени во образованието. Ќе бидат преиспитани програмите за настава, како и учебниците во кои има многу небулози и грешки, во кои има говор на омраза и дискриминаторен говор. Учебниците треба да градат поколенија на партиципативни граѓани, а не слепи послушници. Учебниците треба да создаваат граѓани кои ќе знаат дека тие се примарни, а не државата. Една од моите примарни цели е да преоценка на наставните програми и содржината на учебниците. Исто така цел ми е да се создаде систем кој ќе ги растовари наставниците од аминистративни обрски кои ги оддалечуваа од учениците и наставата. Враќањето на автономијата, но и квалитетот на универзитетите е исто така една од моите примарни цели. Се на се, ме чека многу работа.

Фактор.мк: Ќе има ли поместување на платите за наставниците и професорите и како ќе се враќа изгубеното достоинство, а ќе се вреднува трудот?

Тренеска-Десковска:Во рамките на напорите на Владата за зголемување на просечната плата, секако влегува и платата на наставниците. Министерството за финансии во моментов прави скенирање на состојбите со долговите и доспеаните обрвски во сите ресори, вклучувајќи го и образование. По целосно согледување на финансиската состојба, тие ќе излезат со информации во јавноста. Од друга страна во МОН ќе се отвори расправа за измени на законот за основно и средно образование со цел да дојдеме до решенија за подобрување на статусот на наставниците и создавање услови за подостоинствено вршење на нивната професија.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?