24 Септември, 2017
0.9201
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

ИНТЕРВЈУ ВАНГЕЛОВСКИ: Кроација осигурување ќе станува сè поуспешна приказна

Објавено во: Економија 28 Декември, 2015

Напоменав веќе дека оваа година беше исклучителен предизвик за мене како извршен директор, од причина што внатрешните промени се некогаш и најтешките. Затоа ми е драго дека се далеку зад мене и зад сите нас, како тим. Кроација ќе станува се поуспешна приказна, од причина што имаме нешто што е незаменливо. Вработените. За нас, за мене како извршен директор, тие се единствениот начин до успехот. Со соодветна едукација, мотивација и фокус кон секој, спремни сме за сите предизвици. Успешната приказна се развива, и во соработка со матичната компанија. Поддршката и плановите за овој регион, се навистина голема задача за целиот наш тим. Особено важен за успешна приказна се нашите осигуреници. Нивната доверба и избор е она што не прави да бидеме уште по фокусирани во работењето и постигнувањата“ вели во интервју за Фактор Гоце Вангеловски директор на Кроација Осигурување Неживот. Фактор:Бизнисот со осигурувањате во Македонија во последните 3 години е во брз подем.  Кои се предизвиците на кои успеавте да одговорите во 2015 година? Вангеловски: Минатата година, на исто вакво интервју за Фактор, ги сумиравме впечатоците за осигурителниот пазар. И тогаш како и сега, тврдам дека осигуритлениот пазар во Македонија е сеуште неискористен потенцијал. Иако податоците од Агенција за супервизија, заклучно со вториот квартал во 2015, покажуваат пораст од 7,11% споредбено со истиот период во 2014 година, сепак сме далеку од европската осигурителна слика каде осигурителниот сектор е најголемиот институционален инвеститор, со околу 9,900 био ЕУР инвестирани средства. Ова е импозантен податок, ако се земе предвид дека тоа е скоро 63% од ГДП-то на цела Европска Унија. Од бројките кај нас, интересен е податокот дека расте и бројот на нови осигуреници и тоа годинава 7,15%, во споредба со ланскиот период. Ова покажува дека од година во година, има се поголем интерес за осигурувањето како неопходна ставка од секојдневието. Осигурувањето прераснува во потреба, што е добро. Претходно беше само наметната обврска, пример, најчести полиси беа оние кои се однесуваа  на задолжителната автоодговорност, или на осигрувања на станови кои се под хипотека. Од годинава, 35% имаме пораст кај имотното. Сменет е трендот. Од обврска, одиме кон потреба. Во рамки на бројките и трендот, тука сме и ние како Кроација. Имено, дел од нашите предизвици за 2015 и 2016 се поголемата едукација на клиентите, постоечки и идни. Да го приближиме осигурувањето, да креираме производи за нив, производи кои не го оптеретуваат семејниот буџет а кои во исто време им гарантираат се што претставува брендот – сигурност. Годинава ја завршуваме во рамки на планот, но далеку е од она што вистински можеме и ќе го постигнеме во наредниот период. За жал, поради околностите 2015 беше своевидна катарза од претходните години, каде имавме доста за внатрешно средување, екипирање со нови и квалитетни членови, обука на продажната мрежа, воведување на нови производи, корекци на постоечките. Се на се, правевме своевидно внатрешно уредување. Горд сум што со мојот тим, бев на чело на овие промени, кои во наредниот период ќе ја постават Кроација на местото кое го заслужува. Тие беа предивизците за 2015, а за 2016 ви ветувам дека ќе зборуваме за поголеми концепти и новини. Сите компании поминуваат низ ваков процес и тоа е убавината и суштината. Промената. Фактор: Познавачите на пазарот ќе речат дека осигурувањето во Македонија е „сеуште неизорана нива“, пред се перципирано преку процентот на осигурителни производи кои ги користат правните и физичките лица. Која е вашата генерална оценка за осигурителниот пазар во Македонија? Вангеловски: Се надоврзувам на првото прашање. Имаме уште многу за “орање”. Мислам дека производите се повеќе слика на потребата на клиентите. Најпрво треба да се фокусираме кон подигање на свеста на секој клиент посебно. Кога ќе имаме едуцирани осигуреници, ќе имаме потреба од нови производи. Многу е тешко во сива зона, да се воведат нови производи. Ова е генерално проблемот на цел осигурителен пазар. Имаме западнато во една комфорна зона, и гледаме да ги задоволиме само првичните потреби на осигуреници. Тоа ние како Кроација ќе се трудиме да го промениме. Со поддршката од матичната компанија, наредниот период ќе се фокусираме кон промена на оваа клима. Планираме воведување на иновативни концепти, производи како и услуги за нашите осигуреници. Она што особено радува кај нашиот пазар е добрата регулатива како и сенс за брзи промени на истата, согласно бизнис потребите. Не е ригиден просторот помеѓу регулаторот и бизнисот. Во прилог на ова ќе ја споменам и сигурноста т.е солвентноста на целиот осигурителен пазар која барем до сега, никогаш не била доведена во прашање. Фактор: Кој е одговорот на Кроација Осигурување во делот на  палетата на производи кои планира да ги понуди на осигурителниот пазар. Вангеловски: иновација, технологија, традиција. Нашите три столба за наредниот период. Веќе споменав, имаме сериозен план за поместување на трендовите на осигурителниот пазар. Редно е нашиот осигуреник да добие премиум услуга, како што и впрочем и ја заслужува. Сега имаме слични или исти производи, кои нималку не ја покажуваат другата страна на осигурвањето, кое може да биде вистински магнет за секого. Во рамки на ова, повторно ќе потенцирам дека сум вистински горд на својот тим, кој ги предводи сите иновации. Првенствено ќе се фокусираме на здравтсвеното осигурвање, но со премиум услови, за лекување надвор од Македонија, потоа одиме со земјоделското осигрување во сорабтока со Европа Ре, со подобрен концепт на продажба и пристап кон истото. Веб продажбата е друг момент. Планираме осигурувањето да го “украдеме” од канцаларии, и да го однесеме до нашите осигуреници. Нашата продажна мрежа ќе биде всушност една голема подвижна продажна мрежа, која од самата понуда, до моментот на печатење на полиса, ќе ви одземе само време за кафе муабет. Мора да се фокусираме кон нестандардизирано размислување или “надвор од кутијата” ако сакаме да бидеме прв избор кај нашите осигуреници. Фактор: Веќе две години ја имате позицијата извршен директор на Кроација Осигурување. Со оглед на резултатите очигледно е дека „конците ги држите цврсто“. Како Кроација стана успешна приказна? Вангеловски: По природа сум скромен, но ова е прашање кое бара своевидна отстапка. Напоменав веќе дека оваа година беше исклучителен предизвик за мене како извршен директор, од причина што внатрешните промени се некогаш и најтешките. Затоа ми е драго дека се далеку зад мене и зад сите нас, како тим. Кроација ќе станува се поуспешна приказна, од причина што имаме нешто што е незаменливо. Вработените. За нас, за мене како извршен директор, тие се единствениот начин до успехот. Со соодветна едукација, мотивација и фокус кон секој, спремни сме за сите предизвици. Успешната приказна се развива, и во сорабтока со матичната компанија. Поддршката и плановите за овој регион, се навистина голема задача за целиот наш тим. Како втор момент кој е особено важен за успешна приказна се нашите осигуреници. Нивната доверба и избор е она што не прави да бидеме уште по фокусирани во работењето и постигнувањата. Фактор: Со оглед на атрактивноста, компаниите кој го таргетираат овој бизнис исто така постојано расте. По што се разликува работењето на Кроација од конкуренцијата? Вангеловски: Не би кажал дека е дистинкција помеѓу конкуренцијата и нас, повеќе е подредување на приоритетите. За мене како извршен директор, првенствено е важно да имам тим кој ќе има целосно разбирање за визијата на Кроација, потоа важно ми е тој тим да има начин истото да го пренесе до секој вработен. Од ова, би рекол дека заклучокот е поддршката и квалитетот на соработници е она што ми е мене во фокусот. И среќен сум што ова е реалната слика во Кроација. Од она што се гледа, од надвор, разликата е брзината и квалитетот на услугите кои ги нудиме. Секој осигуреник има иста важност за нас. Кон сите се однесуваме со должна поччит и кон сите обезбедуваме ист квалитет на услуги. Впрочем, самиот слоган на Кроација е веќе 130 години, со почит, го осигуруваме она што нашите луѓе го создале. Ова кажува се. Целата приказна за успехот, квалитетот, разликата помеѓу нас и останатите компании. Фактор: Со оглед на силниот ангажман кои го имате, времето , а и годините брзо  помуваат. Како прв човек на Кроација каде ја гледате оваа компанија во наредните 5 години? Вангеловски: Како Кроација, на местото кое го заслужува, помеѓу лидерите на пазарот. Фактор: Се наоѓаме на истекот на 2015 година. Новогодишните празници се на прагот. Кои се вашите желби и пораки кој сакате им ги испратите на вашите сегашни и идни клиенти? Вангеловски: Пораката од мене и целиот тим на Кроација е да продолжиме да создаваме. Да создаваме подобар и посреќен свет, повеќе љубов и да се грижиме за здравјето. Како и сите луѓе, така и јас, секоја година ги имам истите желби. Затоа, годинава ќе се приклучиме, сите, кон оваа порака и во тој дух, организираме хуманитарна забава со нашите најважни членови на тимот на Кроација – децата. Во рамки на традиционалната прослава за децата на вработените, ќе имаме хуманитарна акција каде секое детенце ќе дарува свои стари играчки и облека во Црвениот Крст на РМ. Се надеваме ќе допринесеме кон празничната атмосфера и ќе ја подделиме со тие на кои најмногу им треба. Професионално, 2016 се надевам дека ќе биде обоена во боите на Кроација.

Можеби ќе ве интересира

Богов го скрати оптимизмот, политичката криза ја стопи економијата

Богов го скрати оптимизмот, политичката криза ја стопи економијата

Видео: Би дозволиле ли да ви го наполнат фрижидерот со храна?

Видео: Би дозволиле ли да ви го наполнат фрижидерот со храна?

Русија го демонстрираше најмоќниот нуклеарен мразокршач

Русија го демонстрираше најмоќниот нуклеарен мразокршач

Има ли реална закана за поскапување на лебот?

Има ли реална закана за поскапување на лебот?

Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија

Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија

ВМРО-ДПМНЕ ветува работа за сите и невработеност под 10%

ВМРО-ДПМНЕ ветува работа за сите и невработеност под 10%

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Препукувањата на Трамп и Ким реагираа на индексите

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Препукувањата на Трамп и Ким реагираа на индексите

Август бележи раст на побарувачката за кредити

Август бележи раст на побарувачката за кредити