23 Ноември, 2024
0.0343

ИНТЕРВЈУ ВИЦЕ ЗАЕВ: Ни оддалеку не се споредувам со ликот и делата на Сашо Мијалков!

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

За Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев во јавноста не се знае многу. Тој до денеска не дал ниту едно интервју за македонски медиум, ниту пак се појавил на телевизија. Затоа јавноста често пати го мистифицираше, давајќи му различни улоги. 

Медиумите под контрола на политиичките опоненти на Заеви често го споменуваа неговото име во негативен контекст, обвинувајќи го дека тој од сенка раководи со бизнисите на семејството Заеви, користејќи ја политичката моќ на премиерот. 

Во обид да дознаеме повеќе за тоа кој е всушност Вице Заев, како ги тера бизнисите, што го интересира, кој е приватно, Фактор реши да не заобиколува. Го прашавме се она што јавноста ја интересира.

„Моето име во последно време доста се спомнува, и тоа често во лош контекст. Прво од политичкиот опонент кој тоа го прави само со единствена цел да го девалвира авторитетот на Зоки, второ, можеби одредени портали за да си го пополнат просторот, или пак иницијатива дава некој кој што има друга позадина, но тоа времето ќе го покаже. Просто се чудам на сите тие пишувања. Овие пет месеци колку што е Зоки премиер, цела пропагандна машинерија се труди да ме прикаже како најголемиот криминалец во државата, а јас немам ни една казна за погрешно паркирање, а не пак за некакво дело,“ вели во интервју за Фактор Вице Заев.

разговараше Христијан Станоевиќ

ФАКТОР Колкав е товарот да се биде брат на Зоран Заев моментално најмоќниот политичар во Македонија?

ВИЦЕ ЗАЕВ: Јас се гордеам што сум брат на Зоран Заев. Целото семејство е гордо на него. Секако дека и јас и сeмејството чувствуваме товар и одговорност, и тоа големи, токму поради тоа, како што велите вие, што е најмоќниот политичар во Македонија во едно време кое значи предизвик и шанса за државата. Прекрасно е чувството кое што го имам заради тоа што токму мојот брат е претседател на Владата на Република Македонија. Но, од друга страна, тоа предизвикува постојано да сум под лупа на јавноста, што е нормалноТоа создава дополнителен притисок и бара поголема претпазливост, мора да внимаваш на секој чекор, постапка, да знаеш брзо, одмерено, одговорно и соодветно да реагираш во одредени ситуации. Затоа што токму со тоа мое однесување, моите постапки и гестови можам да му помогнам или одмогнам на мојот брат. И уште нешто многу важно. Во целото тоа мое однесување, мора да ја запазам автетичноста на карактерот и на личниот и на фамилијарниот, водејќи сметка за сите околу себе и за заедницата и за авторитетот на брат ми кој што во овој момент е премиер.

ФАКТОР Ви пречи ли тоа што Вашето цело семејство е изложено под лупа на јавноста?

ВИЦЕ ЗАЕВ Да, нашето семејство е под лупа на јавноста, некогаш изложено на позитивни коментари и оценки, а некогаш и на критики. Имајќи ја предвид политичката функција на мојот брат, актуелна и поранешна, тоа е и очекувано. Немам никаков проблем кога критиката е издржана, добронамерна, зашто таквите критики се корисни и помагаат секој разумен човек да се подобри во своето однесување и својата работa. Но и јас и моето семејство многу често бевме изложени на класични лажни вести и монструозни манипулации со цел да се извалка нашето презиме, да не прикажат во јавноста поинаку од тоа што навистина сме. Еден куп лаги се истурија во јавноста. И во сето тоа најмногу ми пречи што нема правна разрешница. Значи секој кој што има портал и медиум има можност да пишува што сака, а при тоа да клевети, да фабрикува лажни вести, да гази врз правата на луѓето, наместо да истражува, да побара коментар од втората страна, односно, од страната која што ја напаѓа. Постапките на докажување на спротивното и битките со лажните вести знаат да бидат многу бавни и токму поради тоа многу од тие јавни, а неосновани напади за мене и моето семејство ги оставив на времето да покаже дали е така или не, тоа ќе ја покаже вистината. Луѓето во Струмица многу добро знаат кои сме, какви сме, што сме и како дојдовме до тоа што сме сега.Тие ја знаат вистината за семејството Заеви.

ВРЕМЕТО НА НАЧАЛНИШТВАТА И РЕКЕТАРСТВОТО ЗАВРШИ

ФАКТОР Какви се Вашите оценки за работата на премиерот Заев во овие први пет месеци од работењето?

ВИЦЕ ЗАЕВ Јас сум субјективен во одговорот на ова прашање. Освен дека имам позитивни оценки за неговата работа, друг одговор немам. Иако рокот од пет месеци е многу кус и беше исполнет со опструкции од најразличен вид од претходната власт и многу брзо по преземањето на премиерската функција се случија локалните избори кои согласно законската регулатива донесоа и одредени ограничувања, а кои го забавија практицирањето на власта.

Инаку, Зоки има страшно позитивна визија, а таа е сите работи да ги стави во ред, а најмногу ми се допаѓа делот во кој што вели дека 10 до 20 посто годишно да намалуваме од митото и корупцијата што се случува на секое ниво во државата, ќе има пари за се. Токму поради тоа што е мој брат и го познавам многу добро јас верувам во неговата визија заедничко правично општество за сите граѓани. За него, зборот е збор.

ФАКТОР Вашето име е едно од почесто споменуваните во последно време, а пошироката јавност има впечаток дека станува збор за некоја мистериозна личност, која што од заднина ги контролира работите? Зошто Ве нема во јавноста?

ВИЦЕ ЗАЕВ Да, моето име во последно време доста се спомнува, и тоа често во лош контекст. Прво од политичкиот опонент кој тоа го прави само со единствена цел да го девалвира авторитетот на Зоки, второ, можеби одредени портали за да си го пополнат просторот, или пак иницијатива дава некој кој што има друга позадина, но тоа времето ќе го покаже. Просто се чудам на сите тие пишувања.Овие пет месеци колку што е Зоки премиер, цела пропагандна машинерија се труди да ме прикаже како најголемиот криминалец во државата, а јас немам ни една казна за погрешно паркирање, а не пак за некакво дело. Јас сум мирен човек, не се сметам за мистериозна личност, затоа што сум јавно достапна личност која што главно се движи во родниот град Струмица, каде што си ги вршам моите семејни и деловни обврски. Моите бизниси, лично што ги работам, и се врзани во Струмица и од тие причини не можам да бидам пасивен или изолиран од јавноста. Во однос на делот за контролата што ме прашавте. Одговорот е да, контролирам, ама само моите приватни работи и немам никакви други амбиции во врска со тоа прашање

ФАКТОР Дури некои Ве споредија со Сашо Мијалков поранешниот шеф на УБК, правејќи паралела во неговата роднинска релација со тогашниот премиер и вашата со сегашниот...Ја користите ли моќта на вашиот брат во бизнис цели?

ВИЦЕ ЗАЕВ Toa е резулат на слободата која настапи во нашето општество. Веројатно во недостаток на “началник” од типот на Сашо Мијалков кој што веќе нема политичка моќ, на луѓето се уште им треба време да разберат дека времето на началништвата и рекетарствата заврши. Ни од далеку не се споредувам ни со ликот, ниту со делата на Сашо Мијалков. Инаку, Зоки е на политичка позиција од 2003 година како пратеник до 2005 година, а од 2005 до 2017 градоначалник на Струмица, а сега премиер и ниту во минатото, ниту пак во иднина, не сакам и не можам да ја користам позицијата на брат ми за бизнис цели, бидејќи моите бизниси ни тогаш ниту сега се поврзани со локалната или сега со извршната власт. Моите бизниси се натпреваруваат на пазарот и мојот успех на тоа поле зависи од умешноста, креативноста и храброста во водењето на тие мои бизниси.

СЛУЧАЈОТ ПОТКУП Е ЛОШ ОБИД ЗА МЕСТЕНКА

ФАКТОР Колку функцијата градоначалник на Струмица на Зоран Заев придонесе за развој на Вашите компании и бизниси?

ВИЦЕ ЗАЕВ Функцијата градоначалник на Струмица на Зоран Заев не влијаеше ни позитивно ни негативно врз развојот на нашите фамилијарни компании од причини што истите немаат допирни точки со локалната самоуправа.

ФАКТОР Сметате ли дека е можно да дојде до судир на интереси на пример при добивање на државни тендери и други поволности за фирмите во кои семејството Заеви има сопственост?

ВИЦЕ ЗАЕВ До такво нешто нема да дојде од причина што фирмите во кои семејството Заеви имаат капитален или управувачки статус не се занимаваат со ништо што е поврзано со централната, локалната или било која друга власт.

ФАКТОР Вашиот брат, премиерот Зоран Заев, како лидер на опозицијата беше осомничен од страна на Обвинителството за случајот Поткуп...Се извади дури и една снимка во која се спомнува Вашето име? Имаше ли поткуп во случајот?

ВИЦЕ ЗАЕВ Поткуп е политички креиран случај и е смешно да се коментира, но ќе ви одговорам само дека луѓе со монструозни и крајно неморални идеи можат да искреираат еден таков политички линч врз личност која претендира за висока политичка функција, а истовремено која што ќе ги загрози нивните моментални позиции. Луѓето во Струмица знаат која е фамилијата Заеви, кој е Зоран Заев, знаат колку помогнал и професионално како градоначалник, но и лично како општествено одговорен човек. Триесетгодишното искуство во приватниот бизнис на фамилијата Заеви и петнаесетгодишниот политички ангажман на Зоран Заев, каде што нема ниедна забелешка, тужба или критика во смисла на вашето прашање, зборува само по себе за каков профил на луѓе станува збор. Снимката која што ја спомнувате лош обид дел од разговор да се прикаже како обид за поткуп, а во суштина станува збор за помош за изградба на црква. Истрагата ова добро го знае и очекувам институциите професионално и одговорно да донесат исправни одлуки.

ВИЦЕ ЗАЕВ ДЕНЕС Е ИСТИОТ ШТО БИЛ И ПОРАНО

ФАКТОР Кој е Вице Заев денес, што работи, како му поминува еден ден, семејно, работно?

ВИЦЕ ЗАЕВ Вице Заев денеска е истиот што бил и од порано. Посветен на сопствените бизниси и на семејството. Работниот ден ми започнува рано наутро со физичка активност, продолжува со работните обврски, па следува дружење со пријателите и семејството.

ФАКТОР Како го доживеавте периодот на објавувањето на бомбите кога и Вие и семејството бевте под силен притисок на власта и на медиумите блиски до нив, не беа поштедувани ни вашите деца?

ВИЦЕ ЗАЕВ Периодот на објавувањето на бомбите и за мене беше фрапантен како што беше и за целата јавност, посебно од содржината на тоа што имавме прилика да го слушнеме, а претпоставувајќи какви се содржините на тие што не се објавија. Со тоа сфативме какви луѓе ја водат државата и јас како и сите граѓани на Република Македонија дојдовме до заклучок дека час поскоро таа власт треба да замине. И тогаш власта во обид да се спаси, почна со напади врз мене, мојата фамилија, децата, но јасно беше зошто тоа го прави, бидејќи давеникот кога се дави бара сламка за спас.

ФАКТОР Дали имате и политички амбиции, односно еден ден да бидете назначени или да се кандидирате за политички функции?

ВИЦЕ ЗАЕВ Доволен е еден политичар од семејството, засега, од таа генерација. Имаме потомци зад нас, ние сме голема фамилија, можно е понатаму некој од нив да изрази политички амбиции, но јас не се гледам ни како политичар, ниту како кандидат за некаква државна функција.

НЕМАМ СОПСТВЕНИШТВО ВО НИТУ ЕДНА ТЕЛЕВИЗИЈА

ФАКТОР Дали имате сопствеништвото во македонските медиуми како што јавноста сака да шпекулира, дел од нив објавија дека сте биле сопственик на ТВ 24?

ВИЦЕ ЗАЕВ Немам. И ова е уште една потврда на тоа што погоре го кажав дека македонското општество ќе мора сериозно да се справува со лажните вести. Мене досега никој не ми се јави да ме праша дали е така или не. Јас имам пријателски односи со сопственикот на ТВ 24 и со кој заради моите и неговите работни обврски ретко се гледаме. Никогаш не сме разговарале, ни ми понудил, ниту пак јас сум побарал да бидам дел од сопственоста или целосен сопственик на спомнатиот или било кој друг медиум.

ФАКТОР Во Македонија често се фрла стигма врз успешните бизнисмени и нивниот животен стил кој им го овозможува богатството. Затоа и ретко се говори за заработката и се молчи за финансиите, колкаво е Вашето богатство?

ВИЦЕ ЗАЕВ Податокот за нашето богатство е јавно достапна информација, бидејќи немаме бизниси надвор од Македонија, се што имаме е тука и движен и недвижен имот, тие се јавно достапни. Се знаат нашите компании кои се, што се и каде имаме управувачко или капитално поврзување, што значи секој може да провери колкава е финансиската моќ на нашите компании, а со тоа и колкаво е богатството на нашето семејство.

Не е дозволено преземање на интервјуто или на делови од интервјуто без дозвола од редакцијата на Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание