29 Ноември, 2024
0.0295

ИСТРАГА ВО УЈП: Како се спроведувала „шемата“ за неплаќање даноци?

Објавено во: Економија 24 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Не само за вработените од УЈП што учествувале во скандалозната шема на неплаќање данооци, истрага ќе има и за фирмите кои биле “поштедени“ да не плаќаат данок на добивка.  Целата “операција“ се спроведувала и одржувала две години.  Додека раководството на даночната управа најави епилог за случајот во кој двајца вработени успеале две години да штитат 37 компании од плаќање на давачки, во јавноста бурни и бројни рекации. Дел од економистите велат дека овој случај упатува на тоа дека затаил целиот систем – од испраќање на покани за заостанат долг, до присилна наплата на долгот. 

Како се “штителе“ неплаќачите на данок на добивка? 

Имињата на фирмите кои се дел од “шемата на неплаќање данок на добивка“ засега не се обелоденуваат. УЈП не ги соопштува со образложение дека се работи за даночна тајна, но според неофицијални информации, се работи за компании од повеќе сектори, меѓу кои градежниот и медиумскиот бизнис. Сите 37 фирми, за кои постоела посебна забрана за печатење на опомени и покани за наплата на долг се од Скопје. Дел од фирмите се приватни а дел во државна сопственост. Директорката на УЈП Сања Лукаревска ниту демантираше ниту потврди дали меѓу фирмите има и странски компании. 

“Овие 37 фирми биле во привилегирана состојба, и преку електронскиот систем на УЈП имало посебна забрана за нив  да се  печатат  опомени за неплатен данок на добивка.  Ова се случувало  во период од две години, односно  во 2015 и 2016 година даночните  обврзници биле изземени од постапки за присилна наплата на милионски долгови.   Сите 37 фирми се од Скопје, меѓу нив има и државни и приватни компании а дел од фирмите се познати на јавноста, а апсурдот да биде поголем, дел од нив се  објавени и на листата на должници на УЈП“ - објасни директорката на УЈП Лукаревска.  

Иако овие првични наоди и сознанија предизвикаа бурни реакции во јавноста, шпекулации и лицитирање со фирмите кои се дел од “даночната шема“, засега надлежните воздржано го коментираат случајот. Според информациите, за околу еден месец би можело да се објават доплнителни информации. 

“За мене како министер за финансии најважно е, а и тоа го барам цело време од УЈП да се знае дека според законите секој ќе си ги плаќа даноците и другите давачки во државата, бидејќи тие давачки потоа се за доброто на граѓаните“ изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. 

Одговорност мора да има ... 

Во случајот што го обајви УЈП направени се прекршувања на повеќе закони и прописи, оценуваат економистите. Како резултат на незаконско работење на двајца вработени бил “саботиран“ целиот систем, од испраќање на опомени и покани за наплата на данок, до прислина наплата, односно извршување. 

“Не е почитуван Законот за управата за јавни приходи и Законот за даночната постапка. Имено надредените не смееле да дозволат да не го надгледуваат работењето на колегите на пониско хиерархиско ниво. Вработените прекршиле одредби од Законот за даночна постапка: кои се однесуваат на испраќање на опомена за плаќање на данок,  што натаму повлекува други законски прекршувања. 

Според член 126 став 4 од истиот закон, за доспеан долг за кој Управата за јавни приходи има доставено известување согласно со членот 121 став (2) од овој закон, присилната наплата може да започне по истекот на 30 дена од денот на доспеаноста на долгот. Со оглед на недоставеното известување на УЈП до даночниот обврзник не било можно ниту да настапи извршување од даночниот обврзник. Со ваквата постапка Даночната управа се однесувала селективно за иста правна работа што само по себе претставува злоупотребување на службената должност“ - објаснува Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници. 

Во случајот со организаторите и спроведувачите на оваа операција на неплаќање данок на добивка има повеќе незаконски дејства, велат од УЈП. 

“Се работи за сознанија во однос на појави за злоупотреба на службената положба и непрофесионално работење. Конкретно се работи за незаконско работење и кршење на работните процедури од страна на вработени во Управата за јавни приходи а биле инволвирани високи раководни лица  со цел овозможување на индиректни даночни поволности за одредена група на фирми преку свесно неделување на фирмите и изземање на овие фирми од редовните законски постапки за присилна наплата на долгови“ - објаснуваат од УЈП. 

За вработените, истрагата ќе се проширува. Како можни мерки против нив е суспенизија од работа, која веќе е направена, отказ од работа но и покренување на кривична постапка.

Според Кривичен законик, за злоупотреба на злужбената положба се предвидува и законска казна. 

“Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години“ - се посочува во Член 353 (1) од кривичен законик. 

Истрага, според највите од УЈП ќе има и за компаниите кои биле дел од шемата.  Додека во УЈП истрагата е во тек, јавноста очекува одговори на повеќе прашања. Имено, според оценките на економистите, во вакви снезитивни и значајни случаи на форми на “даночна“ евазија потребно е што поскоро да се објават имињата на учесниците во ваквите дејства поради повеќе причини. На ваков начин тие ќе одвојат од  обврзниците кои навреме ги плаќале обврските кон државата со што ќе се демонстира вистински обид за санкционирање на незаконско работење. 

Утврдено е дека свесно и намерно со интервенција на со помош на вработени во Ујп извршено е изземање на 37 правни лица  од постапки за присилна наплата, односно истите овие фирми подолг временски период биле отстранувани од листите за генерирање на опомени за наплата на долгови за данок на добивка, што е услов за отпочнување на постапка на присилна наплата. 

Кривичен законик - Злоупотреба на службената положба и овластување Член 353 (1) 

Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години. (2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. (3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години. (4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото посебно овластување или должност. (5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. 

Дефиниции за висина на штетата од Кривичниот законик 

Член 122 34) Под поголема имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на пет просечни месечни плати во Републиката во времето на извршувањето на делото. (35) Под значителна имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на 50 просечни месечни плати во Републиката во времето на извршувањето на делото. (36) Под корист, вредност или штета од големи размери, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на 250 просечни месечни плати во Републиката во времето на извршувањето на делото .

Д.А.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД - авион кој леташе за Подгорица се судри со јато птици, ова е исходот

ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД - авион кој леташе за Подгорица се судри со јато птици, ова е исходот

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?

ОД ЈАЈЦАТА ПА СЕ ДО МЕСОТО - нема производ без повисока цена

ОД ЈАЈЦАТА ПА СЕ ДО МЕСОТО - нема производ без повисока цена

МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ - еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава

МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ - еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава

ПЛАТИ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ: „Магна Мирорс“ и „Дура Аутомотиве“ со најдоброплатени работници

ПЛАТИ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ: „Магна Мирорс“ и „Дура Аутомотиве“ со најдоброплатени работници

„ДОВЕДЕНИ СМЕ ВО СОСТОЈБА ЈАС И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДА БИДЕМЕ НАДЗОР И ЕДНАШ НЕДЕЛНО ДА ИМАМЕ ТЕШКИ ДИСКУСИИ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Министерот Николоски, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

„ДОВЕДЕНИ СМЕ ВО СОСТОЈБА ЈАС И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДА БИДЕМЕ НАДЗОР И ЕДНАШ НЕДЕЛНО ДА ИМАМЕ ТЕШКИ ДИСКУСИИ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Министерот Николоски, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: Завршија градежните активности на трасата Страцин - Крива Паланка

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: Завршија градежните активности на трасата Страцин - Крива Паланка

НАЈСТАРАТА ФАБРИКА ВО СВЕТОТ ОДИ ВО БАНКРОТ! Нема кој го немаше ова во својата куќа, а сега го допре дното по 300 години постоење - еве што се случи

НАЈСТАРАТА ФАБРИКА ВО СВЕТОТ ОДИ ВО БАНКРОТ! Нема кој го немаше ова во својата куќа, а сега го допре дното по 300 години постоење - еве што се случи

КРИЗА ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА: Уште еден производител најави отпуштање на околу 4.000 работници

КРИЗА ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА: Уште еден производител најави отпуштање на околу 4.000 работници