18 Декември, 2025
0.0502

Истражување на Медиана - Фактор со одлични резултати за квалитетна публика поврзана со пазарот

Објавено во: Економија 23 Март, 2017 08:10

Добивај вести на Viber

Според резултатите на Target Group Index истражувањето на Медиана за најважните потреби на компаниите во поглед на истражување на потрошувачите, медиумите, пазарот и конкуренцијата Фактор се издвојува на онлајн просторот во Македонија во повеќе параметри и е над просекот кога станува збор за неговите читатели, особено во категориите на публика која сака да купува преку интернет, има високо образование и приходи над 30 илјади денари.

Фактор како онлајн медиум кој ги следи економските трендови и модерните пракси е одлично место за сите учесници во медиумската комуникација и за читателите кои добиваат навремени и квалитетни содржини и за компаниите кои остваруваат директна врска со купувачите, па така се создадени идеални можности за меѓусебно поврзување и размена на информации.

Од следните параметри се добива увид колку Фактор е значаен како медиум.

Почнувајќи од демографските параметри, Фактор има најмногу публика во возрасната категорија од 20 до 49 години која го претставува најголемиот куповен потенцијал (buying target group), а на Фактор оваа категорија е застапена со 77% што е над просекот на сите испитаници кој изнесува 66% во Македонија.

Фактор исто така го надминува и просекот во категоријата - публика со високо образование и изнесува 43% во однос на 26% кај сите испитаници кои се дел од истражувањето.

Во следната категорија спаѓа персоналниот месечен приход на публиката, а најпозитивни резултати има Фактор каде читателите во најгорната категорија со приходи над 30.000 денари се концентрирани во 17%, што е за 11% над просекот на сите испитаници.



Читателите на Фактор во поголем процент се во улога на главен купувач кога се одлучува за купување на компјутерска опрема, спортска облека и опрема, автомобилска опрема, аудио и видео опрема, автомобили, парфеми и козметика, како и лекови со десетина проценти над просекот кај сите други испитаници.


Фактор ќе биде дополнително мотивиран од овие резултати да продолжи со посветената работа, да го одржува квалитетот на информирање на највисоко ниво.

Компанијата „Медиана маркетинг солушнс“ (членка на групацијата „Медиана“ со седиште во Љубљана) е носител на лиценцата за спроведувањена овој проект во Македонија, во соработка со локалната компанија „Гаус Пол“. Истражувањето се спроведува на национално ниво, применувајќи репрезентативен примерок од 2.000 испитаници/домаќинства годишно (во два истражувачки брана во текот на годината). Проектот овозможува анализа на потрошувачките навики и склоности на населението низ 18 производствено-услужни сектори, едновремено испитувајќи ги нивниот животен стил, медиумската изложеност и нивните социодемографски карактеристики. Податоците што се прикажани во овој текст се однесуваат на истражувањето што беше спроведено во текот на 2015 година.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа