24 Април, 2024
0.0434

Иванов ја прекори ЕУ во неодлучност за миграциската криза

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Неодлучноста на Европската унија во борбата со последиците од сегашната имиграциска криза и интеграцијата на балканските држави ја става под закана безбедноста на Македонија и доведува до стагнација на регионот.

Ова го изјави претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов во говорот пред Генералното собрание на ОН во Њујорк. Според него повеќе од 20 милиони мигранти од Азија и Африка веќе се во непосредна близина на надворешните граници на Европа, а „многу од нив се веќе во Европа и ЕУ мора да најде начини и механизми да ги заштити своите граници, да ја гарантира безбедноста на коридорите и да ги интегрира мигрантите и бегалците, но да не ги асимилира“.

„Македонија високо ја оценува билатералната помош, ние преземаме мерки и донесуваме одлуки за заштита на нашата територија и територијата на ЕУ. Затоа мора да се напомене дека блокирањето на процесот на нашата интеграција и неодлучноста на Европската унија за справување со миграциската криза ја загрозува безбедноста на Република Македонија“, рече Иванов.

Македонскиот претседател додаде дека, за да се контролира протокот на имигранти и бегалци низ територијата на републиката, е потребно да биде вклучена армијата во заштита на границата. Тој истакна дека така „успеавме да ја гарантираме безбедноста на Републиката.“ 

„Ако ја погледнеме Европската унија, ќе забележиме дека во неа се појавуваат пукнатини. Европската унија ги отстрани границите меѓу државите, но не може да ги заштити своите надворешни граници од најсериозните кризи - миграциската криза и заканата за безбедноста. Миграциските бранови доведоа до олабавување на европските институции и политики и овие неуспеси се последователни“, рече шефот на државата.

Тој изрази жалење што Македонија е независна држава во текот на 25 години и од првиот ден на својата независност „се соочува со непосредните закани кои доаѓаат од територијата на Унијата и земјите-членки на НАТО, како и од земји-членки на ОН“ , наведувајќи го миграциониот проблем и меѓународниот тероризам. „Во последните 25 години нашиот пат кон меѓународно признание и интеграција е комплициран од фактот дека постојат премногу пречки, кои застанаа пред проблемот со негирањето на самоидентитетот на Македонија и на македонските граѓани и всушност поради таа причина не ни овозможи да се приклучиме кон НАТО и Европската унија“, го изрази своето мислење Иванов.

Тој посочи дека пет години Македонија очекувала да биде исполнета пресудата на меѓународниот суд во спорот за името на републиката меѓу Грција и Македонија, но „тоа така и останува неисполнет до денес, што е светол пример за неефикасноста и неодлучноста на Европската унија. „Претседателот Иванов рече дека таков пристап кон интеграцијата на балканските земји во ЕУ доведе до „застој на регионот и зајакнувањето на агресивни тенденции.“

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција