ИЗБОРИТЕ ЛОКАЛНИ, ТЕМИТЕ ГЛОБАЛНИ: Каква кампања ја очекува Македонија?
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2017
Стартуваше изборната кампања. Трката во првиот круг кој завршува за три недели и официјално ја почнаа кандидатите за градочалници и советници.
Кандидатите, вчера потпишаа кодекси за фер и демократски избори. Но, веднаш, на уште непочната кампања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати обвинување дека овие избори нема да бидат фер и демократски. Тврди дека нивните каандидати се заплашувани.
„На наш кандидат му вперија оружје и го третираа како терорист, наводно имале дојава дека во возилото ќе се превезуваат терористи. Имале наредба и да го легнат на земја и да го врзат, но уведеле дека станува збор за грешка, односно дека ситуацијата не е таква, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Груевски, очигледна била намерата да се заплашуваат кандидатите на неговата партија, но и да се стави полицијата во партиска служба.
„Нивните заплашувања нема да имаат ефект“ посочи лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Но, на ваквите тврдења веднаш ги денамтираа од МВР..
„МВР за инцидентот со мерцедесот во кој бил и кандидатот за градоначалник на Кавадарци остро ги демантира тврдењата на ВМРО ДПМНЕ дека на кандидатот полицаец му вперил пиштол и го легнале на земја“, велат од МВР.
Појасни дека мерцедесот со кој тој одел на партиска конвенција во Скопје во Автокоманда не сопрел на знак на полицијата за брзо возење и дека полициско возило подоцна ги стасало и ги легитимирало.
„Лицето М.Ј носеше пиштол кај себе за кој по проверка се утврди дека го поседува со дозвола“ реагираше полицијата, но негираат било каков физички контакт на полицајците со лицата кои биле во мерцедесот и кандидатот за градоначалник на Кавадарци инаку газда на минералната вода Кожувчанка.
Од СДСМ пак возвратија дека граѓаните ќе ја потрврдат победата на влајдечката партија и на локалните избори а на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, никој не му верува.
„Никола Груевски е губитник и тоа им е јасно на сите, па дури и на неговите сопартијци и затоа никој повеќе не стравува од неговото сеење закани, поделби и омраза.Македонија го надмина Груевски и веќе еднаш го победи, а на претстојните локални избори, граѓаните ќе ја потврдат победата и ќе стават крај на неговата криминална ера, реагираа од СДСМ.
Дел од аналитичарите во изјавата на Груевски, препознаваат дека се остава отворена можноста опозцијата да не ги признава изборите доколку ги загуби. Ова се први избори кои ги организира владата предводена од премиерот Зоран Заев. Во изминатите години, додека полицијата беше раководена од поранешната министерка Гордана Јанкуловска, прислушуваните материјали обелоденија дека полицијата била претворена во испостава на ВМРО-ДПМНЕ, но се открија и потврдија многу од сомнежите за тоа како со помош на полицијата се правеле „сопки“ за време на изборите.
Но, освен обвинувањата дека изборите нема да бидат фер и демократски очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се обиде да игра и на картата на националниот идентитет на граѓаните. Откако не успеа идејата за референдуми против населеување на мигранти, нешто што Владата постојано демантираше дека се планира, Груевски, во последното вчерашно интервју посочува дека по завршувањето на локалните избори ќе следува промена на името
„Целата операција за промена на владата е направена за решавање на името по терк на Грција. Тоа го знаат веќе сите, не само во Македонија, туку и во цела Европа. Се чека само да завршат локалните избори и да започната конкретни преговори“, рече Груевски, кој ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев по враќањето од Њујорк, кој пак посочидека не е подготвен да преговара за идентитетските прашања.
Премиерот Зоран Заев сепак, не сакаше да го коментира брифингот на шефот на грчката дипломатијата Никос Коѕијас ги брифирал за сегментите од кои се состои македонско-грчкиот спор, дека се работи за прашање за името, државјанството, идентитетот и кратенките.
„Лично јас, не сум подготвен да разговарам за идентитетски прашања на нашата земја, изјави Заев по враќањето од Њујорк.
Дополнително, на прашањето дали Македонија е подготвена да направи отстапки во преговорите со Грција, како што тоа го истакнува посредникот Метју Нимиц во последното итервју, и анализата на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“во која е посочено дека откако ќе завршат локалните избори Македонија најверојатно ќе го смени името на аеродромот, премиерот Заев вели дека „сите овие коментари се премногу далеку“.
„Она што го работиме во моментот на тој план се градење на пријателски основи, пријателски однос и генерално јакнење на довербата меѓу двете страни. Рековме дека нема да дозволиме било што, што би се калкулирало или коментирало како провокација од наша страна. Сакаме да бидеме исправени за моментот кога ќе дојде времето да навлеземе во решавање на овој многу чувствителен и сериозен проблем, посебно за нашата страна. Јас верувам дека Македонија треба да биде подготвена за решавање на овој проблем, вели Заев.
Првиот круг завршува на 15 октомври а потоа следниот круг е закажан за две недели подоцна односно на 29 октомрви.
С.Н.