19 Декември, 2025
0.1234

Издадена европска потерница за Карлес Пуџдемон

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2017 18:27

Добивај вести на Viber

Шпанскиот Врховен суд поплaднево на барање на Јавното обвинителство, издаде „европска потерница“ за апсење на разрешениот претседател на регионалната Влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон, oбјави весникот „Вангардија“.

Засега нема официјална потврда од Судот за ваквата информација.

Обвинителството денеска побара да биде издадена меѓународна потерница по Пуџдемон, откако тој не се појави на закажаното сослушување пред Врховниот суд.

Претходно, претседателот на Врховниот суд на Шпанија, Карлос Лесмес изјави дека, ако Пуџдемон не се појави пред Судот, нормалната процедура би била да се издаде налог за апсење

Вкупно 20 каталонски политичари - Пуџдемон, 13 министри во неговата разрешена влада и шестмина членови на регионалниот Парламент, денеска беа повикани да се јават пред суд под обвинение за бунт и антидржавни активности.

Само Пуџдемон и четворица министри, кои се наоѓаат во Белгија, не се појават пред Судот во Мадрид.

Врховниот суд им одреди притвор на осум членови на разрешената Влада, додека поранешниот министер Санти Вила, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување независност на Каталонија, е ослободен со кауција од 50.000 евра.

Продолжението на денешното сослушување на обвинетите, на барање на нивните адвокати, Врховниот суд го закажа за 9 ноември.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела