ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ ЗА ФАКТОР: Најавите за дестабилизација се очајнички обиди на бескрупулозни политичари монструми
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017 08:03
Фактор: Што се крие зад топло-ладно политиката на лидерот на ДУИ во однос на преговорите со СДСМ за формирање на идната Влада?
Кекеновски: Постојат повеке причини зошто Али Алхмети и ДУИ играат топло-ладно со СДСМ и Зоран Заев. Првата причина е фактот дека постојат повеќе струи во ДУИ каде секоја од своја аспект и интерес навиваат или за СДСМ или за ДПМНЕ. Се добива впечаток дека во овој момент побројна и повлијателна е онаа која ја водат градоначалниците на Тетово, Чаир и Гостивар кои се истовремено и потпретседатели на партијата наспроти про-вмровските Албанци во ДУИ.
Фактор: Дали лидерот на ДУИ стравува од раскол во партијата пред се’ поради се поочигледната поделеност. Свесно ли Ахмети тактизира обидувајќи се да го амторизира револтот?
Јове Кекеновски: Плашејќи се од раскол во партијата Али Ахмети се обидува да купува време за да ги смири страстите во партијата како и да ги избие адутите на провмровската струја од причина што нивен главен адут е фактот што Груевски се согласил на се што побарале освен СЈО како и досегашната нивна соработка.
Од друга страна поради прагматични, но и лични причини лидерот на ДУИ настојува да остане во добра релација и односи со меѓународната заедница која не е благонаклона кон вмровската криминализирана партиска вршушка, а од која Ахмети не може преку ноќ да се оддели, но и да се ,,амнестираат” сите оние кои долго време соработувале со нив и затоа се обидува да добие што е можно повеќе време за да се избалансираат сите работи.
Фактор: Можно ли е Ахмети да игра дупла игра – паралелно да преговара и со Заев и со Груевски?
Јове Кекеновски: Не би ме зачудило досегашните ,,браќа по бизнис” - Груевски и помалиот брат Ахмети, да играат уште една веќе видена игра која на крај би завршила со неможност да се состави влада или пак да се создаде малцинска влада чиј рок на траење бил најмногу три до четири месеци.
Фактор: Како го толкувате ставот на ВМРО ДПМНЕ дека нема да дозволат претседателот на СДСМ да биде премиер на идната Влада и дали реално постои опасност од дестабилизација?
Јове Кекеновски: Што се однесува до обидите и најавите за дестабилизација тоа е уште еден чекор на очајните и бескрупулозни политичари монструми кои по којзнае кој пат се обидуваат за личен спас да жртвуваат невини и недолжни луѓе свртувајќи го вниманието кон прашањата за федерализација и јазикот. Сакам да потенцирам дека истите тие спротивно на Уставот го усвоија Законот за употреба на јазиците кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ од 2008 година како и измените и дополнувањата од 2011 година со што одамна воведоа двојазичност во државата. Посебно е потребо да се напомене дека Владата на Груевски во текот на 2014/2015 година финансираше Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија со кој се согласи да се усвои нов сеопфатен Закон за јазиците со кои треба да се појасни значењето на Амандман V на член 7 од Уставот на РМ. Исто така додека Груевски беше премиер Република Македонија функционираше де факто како федерација затоа што имавме двоглава извршна власт каде министрите од ДУИ одговараа пред својот лидер, а не пред премиерот. Република Македонија функциониршае до Групчин и позади Групчин каде законите селективно се применуваа и каде имавме граѓани од прв и втор ред. Во нивно време Р. Македонија поцрвенуваше од знамиња на туѓи држави при што се игнорираа македонското знаме, грбот, химната но и македонскиот јазик. Затоа сега е време албанските политичари јасно и гласно да кажат дека ќе го почитува и ке се борат да се зачува територијалиот интегритет и суверенитет на Р. Македонија, дека ке го почитуваат унитарниот карактер на државата, ке се залагаат за непромена на името на државата, ке ги почитуваат грбот, знамето и химната на државата како и дека ќе се залагаат сите да се чувствуваме како Македонци како по род така и по државјанство.
Горазд ЧОМОВСКИ
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




