26 Април, 2024
0.0273

ЈП за државни патишта за кредити должи половина милијарда евра

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за државни патишта по основ на кредити должи  483,5 милиони евра, потврдуваат оттаму за Фактор. Но, Државниот завод за ревизија изнесе забелешки за начинот на евиденцијата и прикажување за задолженоста, но и за начинот на кој се склучувале договорите за заеми поради што сега се плаќаат милионски суми како курси разлики на штета на државата.  

Критиките се за тројцата директори кои раководеа со претпријатието во изминатите  три годни, почнувајќи од Љупчо Георгиевски, потоа сегашниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, како и за актуелниот директор Александар  Стојанов.  

Наташа Стојановска

Од Јавното претпријатие за државни патишта, посочуваат дека по основ на кредити должат 483,5 милиони евра, но информираат дека дел од овие пари се за веќе завршени проекти, за кои се отплаќаат ратите. Дел пак се за проекти кои се во фаза на реализација и за кои сеуште се повлекуваат пари.

„За автопатската делница Стоби - Неготино и Скопје –Групчин, обиколница Скопје, Смоквица – Гевѓелија, Табановце –Куманово, како проекти за подобрување на регионалната и локалната патна мрежа, се врши отплата на кредитите, а овие проекти се веќе завршени“, одговорија од ЈП за државни патишта на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.  

Дел од проектите се во фаза на релизација и за нив сеуште се врши  повлекување на пари од кредиторите.

„За проектот Миладиновце –Штип,  Кичево - Охрид, Градско – Прилеп, Штип-Кочани, Требениште – Струга, Ранковце –Крива Паланка, проект за рехабилитација на магистрални и регионални патишта, како и за проектот за модернизирање на патарините суште де повлекуваат пари о дсоодветните кредитори, бидејќи овие прокети се во фаза на реализација,одговорија од ЈП за државни патишта на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.

ДЗРНема целосни податоци за кредитите во ЈП за државни патишта

Државните ревизори констатираат дека во белешките на финансиските извештаи на ЈП за државни патишта, не се даваат целосни податоци за кредитната задолженост, а врз основа на кои треба да се утврди и ризикот од ликвидност на претпријатието.  

„За заемите кои се доспеани, не се обелоденети информации за долгорочни обврски за камати по заеми. Обелоденети се само информации за обврски за главнината. Потоа, за заемите кои се во фаза на повлекување на паричнии средства нема информации за договорни долгорочни обврски за главнината по основ на неповлечени средства во износ од 214 милиони евра и 589 мииони долари,  и долгорочните обврски за камати. Обелоденети се само обврските за заем за повлечените средстава. Но, и дека за два заеми, за кои има потпишано договори кон крајот на 2015 година за износ од 147 милиони евра главнина, за кои закучно со 2015 гдина нема повлекување на средства во белешките на финансиските извештаи не се обелоденети информации за истите, забележуват ревизорите

На крајот констатираат дека поради сето ова не може да се утврди ризикот од ликвидноста на јавното претпијатие пред донесување на нови одлу за задолжување. Истото влијае и на утврдениот ризик од финансирање,

Автопатиштата што се градат со кинески кредит чинат 17 милиони евра поради лошо склучениот договор

Во последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија е посочено дека ЈП за државни патишта нема воспоставено соодветна внатрешна контрола  за долгорочните заеми.

„Во сметководствената евиденција не е приложена целосна и соодветна документација за долгорочните обврски врз основа на заеми и кредити во странство врз основа на кои ќе се потврди дека настанатата  финансиска промена или транскација е целосно вистинита“,додаваат ревизорите.

Но, најголемо внимание остави забелешката на равизорите според која за изградба на двата автопати што се градат со кинески кредит, Кичево-Охрид и Штип-Миладиновце, државата платила близу 17 милиони евра повеќе заради курсните разлики и начинот на кој бил склучен договорот.

Од увидот во договорите ревизијата констатира дека: 

„Изведувачот на работите - странскиот добавувач, прикажува промет во земјата на градба, само во износ од 10 % од вкупната договорна обврска, за плаќањето на дел од обврската во локална валута, иако вкупниот промет од изградбата се одвива на територија на РМ. Со врзувањето на плаќање на 90%  од вкупната договорна обврска во странска валута во Кина, со девизен курс помеѓу еврто и американски долар, Македонија плаќа „дополнителен износ“, кој се добива како разлика помеѓу овој девизен курс и девизниот курс на денот на исплатата на обврската на начин и постапка утврден со со договорот за заем преку Кинеската банка“,констатираат ревизорите

Дополнително, оваа разлика јавното претприатие ја книжи и а искажува како негативна курсна разлика на трошок. Ваквниот начин на евидентирање на разликите со искажување на трошшок наместо со зголемување на вредноста на инвестициите во согласност со законите и има за резултат неправилноо искажана вредност на инвестициите в тек и зголемени трошоци на работење.  

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9