31 Октомври, 2024
0.0246

ТИМОШЕНКО: Подемите и падовите на украинската дама од портокаловата револуција!

Објавено во: Анализа 23 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Јулија Володимиривна Тимошенко, Днепропетровск, Украина. Родена на 27 ноември 1960 година. Таа по професија е економист. Пред да ја започне својата политичка кариера, била успешна, но контроверзна бизнисменка во гасната индустрија, станувајќи според некои проценки еден од најбогатите луѓе во земјата. Во времето на Портокаловата револуција го поддржуваше Јушченко. По Јушченко и Јанукович, Јулија Тимошенко е третиот најпознат и најмоќен политичар во Украина. Со сопругот Олександар, со кого е во брак од 1979 година ја имаат ќерката Евгенија. Јулија Тимошенко потекнува од обично семејство, останала без татко како мала, а кога станала богата ја нарекуваа „кралица на природниот гас“. Откако беше осудена на седум години затвор нејзиниот сопруг Олександар доби политички азил во Чешката Република. Сопругот на Тимошенко ретко се појавувеше во јавноста, се додека не почна да присуствува на судењето за случајот на својата сопруга, откако таа беше испратена во затвор. Кариера Од 1999 до 2001 година беше вицепремиерка во кабинетот на премиерот Виктор Јушченко. Тимошенко беше премиер на Украина во периодот од 24 јануари до осми септември 2005, и по втор пат од 18 декември 2007 до четврти март 2010 година. Нејзин наследник е Николај Азаров. Таа е лидер на партиите „Татковина“ и на „Блокот на Јулија Тимошенко“. Тимошенко постојано ја носи традиционалната украинска фризура „кокошник“. На Вонредните Парламентарните избори 2007 (портокалова револуција), „проевропските“ Блокот на Јулија Тимошенко  и партијата на Јушченко, Наша Украина, освои најмногу гласови (30,71%; 14,15%). Јулија Тимошенко на 18 декември 2007 доби мандат за создавање на нова влада. Тимошенко доби 226 гласови од 226 потребни, за новата влада. Тимошенко беше кандидат на украинските претседателски избори од 2010, но ги изгуби изборите од Виктор Јанукович (Тимошенко добила 45,47% од гласовите во вториот круг). Тимошенко за изборните резултати, изјави дека изборите биле лажирани, но ја повлекла својата жалба на 20 Февруари 2010 година најведувајќи дека е јасно дека судот нема да може со сигурност да ја утврди вистината. Жртва на политичкиот режим на Јануковиќ На петти август 2011 година, Тимошенко беше уапсена под обвинение за „злоупотреба на службената должност" при потпишувањето на „Договорот за снабдување со гас за Украина во 2009 година", но Јавното обвинителство воопшто не ја обвини Тимошенко за „корупција или проневера на средства". Меѓународните организации, претставници на Европската унија и САД, ова апсење го нарекоа „политички прогон на лидерот на опозицијата". На 11 октомври 2011 година, Судот во Киев ја прогласи Тимошенко за виновна поради надминување на овластувањата при потпишувањето на договорите со Русија за доставување гас во 2009 година. Тимошенко била осудена на седум години затвор. Слобода за Јулија Тимошенко, хероината на портокаловата револуција Јулија Тимошенко излезе од затвор со закон донесен од страна на украинскиот парламент. Тимошенко беше триумфално пречекана синоќа на плоштадот Мајдан во Киев пред 50.000 луѓе. „Кога мирот ќе се врати наша задача ќе биде да направиме се за да изчезне стравот кај милионите Украинци”, рече таа. Тимошенко ги осуди политичарите кои го издадоа народот. “Барам прочка од вас во име на сите политичарите. Ако тие беа достојни немаше да има пролевање на крв.” Тимошенко која се обрати на присутните на плоштадот Мајдан рекла дека Виктор Јанукович треба сосила да се донесе на плоштадот за да се соочи со протестантите. Поранешната премиерка, зборувајќи седната во инвалидска количка, рекла дека демонстрантите се ослободители што создале нова земја. Тимошенко кандидат за претседател На бината на Плоштадот на независноста во Киев, додека демонстрантите скандираа „Јулија! Јулија!“ таа гордо изјави дека „Украина од денес е ослободена од диктатурата“. Како што пренесе Ројтерс, Тимошенко ќе се кандидира за претседател на престојните парламентарни и претседателски избори во Украина, кои се закажани за 25-ти мај. И.М.