Добивај вести на Viber
„К-15 Продукција“, која ја подготвуваше една од најгледаните хумористични емисии во земјава „К-15“, од денеска и официјално престана да постои.
Централниот регистар на Република Македонија, постапувајќи по пријавата за упис на бришење на Друштвото за продукција и услуги „К-15 Продукција“, донесе решение за заклучување на стечајната постапка на друштвото, со што оваа фирма се брише од регистарот.
Култното телевизиско шоу „К-15“ почна да се емитува на почетокот на деведесетите години и за брзо време стана една од најгледаните телевизиски емисии.
За фирмата беше отворена стечајна постапка во јануари.