Како да се одвикнете од цигарите во Македонија, интервју со д-р Симоновска

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2017 07:24
Речиси половина од населението на Република Македонија е зависно од цигари, но иако нема точни бројки се претпоставува дека годишно од пушењeто и настанатите болести животот го губат околу 20.000 луѓе. Лоши статистики има и за најмладите кои рано стануваат пушачи, а како најмала регистрирана возраст на пушач во Македонија е 10 години. Добро е што се бележи тренд на намалување на бројот на пушачи кај тинејџерите меѓу 13 и 15 години, но затоа во подоцнежна фаза се зголемува бројот на активни пушачи. За можностите за одвикнување и справување со оваа негативна појава разговаравме со доктор Валентина Симоновска од Центарот за јавно здравје во Скопје каде се водат програми за одвикнување од цигари.
Фактор: Каква е стратегијата на државните здравствени институции за помош на пушачите при откажување од цигарите?
Д-р Симоновска: Стартегијата на државните институции за помош на пушачите при откажување од цигарите е изградба на поширока функционална мрежа на стручни лица во повеќе институции кои ќе работат на овој проблем.
Фактор: Цените на цигарите постојани се зголемуваат, се водеа и јавни кампањи за штетните ефекти од пушењето. Постои јасна определба да се намали бројот на пушачи во Република Македонија, но постојат ли лесно достапни советувалишта и програми за одвикнување?
Д-р Симоновска: Да, постојат лесно достапни, бесплатни и анонимни советувалишта во 10 центри за јавно здравје во РМ и советување на болни лекувани лица - пушачи во две болнички установи.
Фактор: Се применуваат ли нови техники или програми за одвикнување во здравствените центри?
Д-р Симоновска: Во тек се обуки и лиценцирање на стручни лица кои ќе работат со современи методи прменливи во веќе познати светски центри.
Фактор: Една од најпроблематичните категории на пушачи се малолетниците кои и покрај законските ограничувања стигнуваат до цигари. Може ли да очекуваме специјализирани програми за одвикнување кај малолетници?
Д-р Симоновска: За малолетниците како вулнерабилна категорија на население постојат специјлизирани едукативни предавања адаптирани за нивна возраст кои се спроведуваат во училиштата.
Фактор: Колку чини една целосна програма за одвикнување од цигари?
Д-р Симоновска: Програмата за одвикнување од пушење во центрите за јавно здравје е бесплатна.
Фактор: Дали сеуште се води кампања за намалување на бројот на пушачи меѓу здравствените работници кои најверојатно треба први да послужат како пример?
Д-р Симоновска: На почетокот при отварањето на советувалиштата здравствените работници беа таргетна популациона група, но искрено нивниот одзив беше слаб и сигнификантно не е значаен за да може да послужи како пример.
Автор: Христијан Станоевиќ
Можеби ќе ве интересира
ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки

„Се споменуваат лица кои биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа“: бранителот на Видевски бара реконструкција
МВР и Обвинителство: Уапсени уште шест полициски функционери за пожарот во Кочани, еден е во бегство

САКАЛЕ ДА УВЕЗАТ СРЕБРО ВРЕДНО НАД 7 ИЛЈАДИ ЕВРА БЕЗ ДА ПРИЈАВАТ - цариниците со засилени контроли, еве што друго се криумчарело
