19 Декември, 2025
0.0502

Како ФЗЦ ќе им продаде цевки на Арапите за 30 милиони евра?

Објавено во: Економија 11 Декември, 2017 07:08

Добивај вести на Viber

Кумановски ФЗЦ „11 Октомври“ се издигна како Феникс од пепелта. Компанијата за лани има добивка од 2,5 милиони евра, годинава до септември ги зголеми приходите од продажба за 38 отсто, а во идните три години само во ОАЕ ќе продаде цевки вредни 30 милиони евра

Кумановската компанија за производство на цевки „11 Октомври“ планира во рок од три години да извезе и продаде цевки во вредност од 30 милиони евра во Дубаи, Обединетите арапски емирати, пишува во одлуката за одобрување на голема зделка која беше усвоена на последното акционерско собрание на таа компанија одржано во четвртокот на 7 декември годинава.

Оваа деловна активност ќе биде финансирана со кредитна линија од Халк банка во вкупна вредност која надминува 4,8 милијарди денари односно 79 милиони евра во која се вклучени кумановските компании „Квалитет Пром“, „Дет оил“ и „Рапид Билд“ кои влегуваат во меѓусебни деловни операции со ФЗЦ, а воедно се јавуваат и како даватели и приматели на гаранции пред банката. Значајно да се каже во врска со одлуката за заентересирани страни во ФЗЦ е тоа што фирмите: „Квалитет пром“, „Детоил“ и „Рапид Билд“ се основани или се во целосна сопственост на членови на кумановското семејство Каранфиловски, а фирмата „Квалитет пром“ поседува 52,3 отсто од акциите, а „Рапид билд“ има 7,1 отсто од управувачките права во ФЗЦ „11 Октомври“.

Според официјалните податоци најголем дел од кредитната рамка е за деловните односи меѓу „Квалитет пром“ и ФЗЦ и тоа во вкупен износ од 2,5 милијарди денари односно повеќе од 41 милиони евра. Деловните релации се следни „Квалитет пром“ продава суровини и репроматеријали на ФЗЦ, а од таму купува готов производ односно цевки. 

Арапската фирма „МАК Пајп ФЗЕ“ е всушност македонска компанија со седиште во Дубаи, Обединетите арапски емирати (ОАР) и таа е основана од Тони Каранфиловски, кој е косопственик во другите три компании: „Рапид Билд“, „Квалитет пром“ и „ Дет оил“.

ФЗЦ како Феникс!

Само за потсетување, од лани по преземањето на ФЗЦ од страна на „Квалитет пром“ и на „Рапид билд“ кумановската фабрика за цевки значајно го зголеми своето производство и лани годината ја заврши со добивка поголема од 2 милиони евра.

За првите девет месеци годинава ФЗЦ „11 Октомври“ има поголеми приходи од продажба дури за 38 отсто во однос на 2016 година. Тие достигнаа 1,16 милијарди денари односно речиси 20 милион евра. На извоз од тоа се повеќе од една милијарда денари. Оперативната добивка на компанијата е околу 2,5 милиони евра и е за 40 отсто помала од истиот период лани. Многу важно е да се истакне дека вредноста на залихите од почеток на годинава до крај на септември проаснала за 6 милиони евра што укажува на значаен раст на обемот на работа. Во тој контекст значајно да се истакне е тоа што годинава финансиските расходи се драстично зголемени и тоа за 77  отсто и достигнале 37 милиони денари. Нето добивката во однос на лани паднала за 50 отсто и изнесува 2 милиони евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии