18 Декември, 2025
0.0632

Како најмалата банка ја направи најголемата добивка?

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2018 06:55

Добивај вести на Viber

Најмалата банка стана пример за успех и покажа дека големината не е проблем туку е предност за тој што знае како да се организира и постави на пазарот. ТТК Банка направи добивка од 100,12 милиони денари. Ако се повтори искуството со делбата на профитот за 2016 година, наскоро акционерите ќе може да очекуваат дивиденда во бруто износ од 900 денари по акција што е безмалку 10 отсто од сегашната берзанска цена на таа акција

ТТК Банка ја има својата најдобра деловна година, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи за 2017 година. Една од најмалите домашни банки покажа дека во услови на силна конкуренција нејзината големина не е проблем туку предност. Добивката е 38 отсто од нето приходот од камати- најголемата приходна ставка.

Раст на приходите од камати, раст на кредитирањето и раст на нивото на депозити во комбинација со значително намалување на резервациите и загубите заради оштетување нефинансиски средства доведоа во најдобар финансиски резултат во историјата на оваа банка и добивка што за прв пат надмина 100 милиони денари.

ТТК банка 2017 година ја заврши со добивка од 100 милиони денари што е резултат кој е подобар за 20 отсто во однос на 2016 година. Ова е резултат за почит во силната банкарска конкуренција особено во сегментот каде егзистира оваа банка, а тука се уште осум мали и средни банки. Приходот од камати надмина 332,8 милиони денари и е за12 милиони денари поголем од 2016 година. Паралелно со тоа за 11 милиони денари пораснале и расходите за камати, што овозможило банката да има нето приход од камати во износ од 265,13 милиони денари што е за нијанса подобро од 2016 година. Единствен послаб резултат од 2016 година има кај сегментот приходи од провизии и надоместоци и тука нето приходите се 126,6 милиони денари и се за 18,5 милиони денари послаби од 2016 година. Многу е веројатно дека банката свесно одела кон намалување на провизиите и надоместоците на своите услуги со цел зголемува на обемот на деловни операции и бројот на задоволни клиенти. Треба да се напомене дека и кај ставката останати приходи од дејноста банката остварила 40 милиони денари помалку од претходната година.

Големо намалување на загубите од нефинансиски средства и на резервациите

Менаџментот на банката успеал лани одлично да управува со резервациите и нефинансиските средства. Податоците покажуваат дека на овие две ставки менаџментот во однос на 2016 година има помал трошок од вкупно 72,5 милиони денари од кои за 43,5 милиони денари помалку кај резервациите и уште 29 милиони денари помалку кај загубата за оштетување на нефинансиски средства. Овие две ставки се генераторот на зголемената добивка на ТТК Банка. Значајно да се истакне дека ставката за плати на вработените  лани во споредба со 2016 година е зголемена за 8 милиони денари до 164,4 милиони денари и тоа е компензирано со намалените трошоци на банката во ставката останати расходи од дејноста.

Нивото на депозити од други коминтенти стигна до 100 милиони евра, кредитирањето зголемено за 11,6 милиони евра

Податоците од билансот на состојба покажуваат дека депозитите на други коминтенти (исклучок се банките) достигнаа 6,16 милијарди денари и во споредба со 2016 година се поголеми за 310 милиони денари. Нивото на кредитното портфолио на банката на крај на 2017 година достигна 4,34 милијарди денари и тоа е за 720 милиони денари повеќе од 2016 година. Вредноста на превземени средства врз основа на неплатени побарувања на крајот на 2017 година е 2 милиони евра и е 104 милиони деанри помал од 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?