29 Мај, 2024
0.0300

Како Османи ја коментира изјавата на Макрон за „Европа во повеќе брзини“?

Објавено во: Македонија 30 Август, 2023

Добивај вести на Viber

За изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа во повеќе брзини“, министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека неговата идеја е разјаснета во Блед. Детали даде министерката за европски прашања Лоренс Бун и Александар Адам, негов советник и креатор на францускиот предлог.

„И тие кажаа дека Макрон зборувал за брзини во смисла дека нема да влезат сите наеднаш, туку во различни брзини во зависност кој кога ќе биде подготвен, а не Европа во слоеви во смисла привилегирани и помалку привилегирани бидејќи ние нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ. Со тоа што знаете дека ние го промовираме концептот повеќе интеграција пред членство што значи кога веќе 2030 ни е фиксна, дајте да станеме дел од Унијата и пред членство, односно како исполнуваме едно поглавје стануваме дел од таа политика на Унијата. Влегуваме во единствениот пазар, имаме пристап до фондовите. И пред самото членство ние веќе ќе бидеме во Унија, единствено што нема да имаме до тогаш е правото на глас кое што ќе го добиеме на денот на членство“, вели Османи.

Францускиот претседател Емануел Макрон, на годишниот состанок во Париз со неговите амбасадори, всушност испрати пораки и до Европската Унија и до земјите-кандидати. Макрон сугерира дека блокот, всушност ЕУ, „треба да биде храбар за да најде начини за интегрирање на земјите кандидати, меѓу кои се Молдавија и Украина“, но тоа да не биде на досегашниот начин – со полноправно членство. Макрон вели дека ЕУ треба да се реформира доколку сака да интегрира нови нации.

Можеби ќе ве интересира

ДОСЕГА ПРИЈАВЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ, НЕ БИ ПРОШЛЕ НИ НА КОНКУРС ВО МЕСНА ЗАЕДНИЦА: Еве што мисли Петров за изборот

ДОСЕГА ПРИЈАВЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ, НЕ БИ ПРОШЛЕ НИ НА КОНКУРС ВО МЕСНА ЗАЕДНИЦА: Еве што мисли Петров за изборот

„НА РЕД Е ГЕНЕРАЛНАТА ПРОБА ЗА БУГАРИ ВО УСТАВ“: Апасиев директно му се обрати на Мицкоски- Отидовте по волна, се вративте стрижени

„НА РЕД Е ГЕНЕРАЛНАТА ПРОБА ЗА БУГАРИ ВО УСТАВ“: Апасиев директно му се обрати на Мицкоски- Отидовте по волна, се вративте стрижени

ПЕТРОВСКА НЕ МУ ВЕРУВА НА ВМРО-ДПМНЕ: На сметка на личниот рејтинг и на партијата и на поединци во партијата, нема да се заложат за да продолжи процесот на европската интеграција

ПЕТРОВСКА НЕ МУ ВЕРУВА НА ВМРО-ДПМНЕ: На сметка на личниот рејтинг и на партијата и на поединци во партијата, нема да се заложат за да продолжи процесот на европската интеграција

„ОГНЕНО КРШТЕВАЊЕ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ЛЕВИЦА“: Ванковска импресионирана од говорот на Амар

„ОГНЕНО КРШТЕВАЊЕ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ЛЕВИЦА“: Ванковска импресионирана од говорот на Амар

КЛЕКОВСКИ БИ САКАЛ ВЕТО ДА НИ СТАВИ ХОЛАНДИЈА: И тоа за криминал и корупција

КЛЕКОВСКИ БИ САКАЛ ВЕТО ДА НИ СТАВИ ХОЛАНДИЈА: И тоа за криминал и корупција

ДИМИТРОВ ЗА КАТИМЕРИНИ: Можеме премногу да загубиме, а премалку да добиеме ако тргнеме по деструктивниот пат

ДИМИТРОВ ЗА КАТИМЕРИНИ: Можеме премногу да загубиме, а премалку да добиеме ако тргнеме по деструктивниот пат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верифицирани мандатите на 118 пратеници, Африм Гаши е новиот собраниски претседател

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верифицирани мандатите на 118 пратеници, Африм Гаши е новиот собраниски претседател

БОГОЕВ: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат

БОГОЕВ: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa