Како преполните 50 и 57 на ЈСП ќе проаѓаат преку ГТЦ?
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2017 10:40
Повеќе новитети планира Ѓоко Трајчевси, директорот на ГТЦ, за враќање на сјајот на една од најпозните скопски локации и подобрување на условите како за трговците така и за посетителите. Ќе се изработи ново идејно решение за покривот на објектот на кој ќе има градина со стакло наместо со барокна фасада. Исто така Трајчевски ќе побара од ЈСП да ги врати автобусите на поранешната постојка во подрумот на ГТЦ за да има проток на повеќе луѓе.

Ова може да биде и најголем проблем во планот бидејќи тука порано проаѓаа линиите 50 и 57 кои сега користат двокатни автобуси бидејќи се едни од најдолгите во градот и превезуваат најголем број на патници. Доколку на овие линии се користат едноподните кратки и ниски автобуси тоа ќе биде на штета на патниците бидејќи ќе се создаваат огромни гужви, особено во шпицот кога ни двокатните автобуси не се доволни за наездата на патниците.
„Сакаме да ја вратиме автобуската постојка на 50 и 57 во подрумските простории со цел да го заживееме долниот дел на трговскиот. Во преговори сме со Јавното сообраќајно претпријатие на овие линии да пуштат едноподни автобуси бидејќи двокатните не можат да поминуваат под ГТЦ“ истакна Трајчевски.
Тој напомена дека за наредната година планираат реновирање на елеваторите и на фасадата на ГТЦ, отворање на атрактивна игротека за најмладите, како и поправка на покривот на трговскиот центар. Ќе се враќа сината препознатлива боја на ГТЦ.
Во последните три денови од оваа година во ГТЦ ќе има дневни новогодишни журки со настапи на бендови, пејачи и диџеи.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




