Како тоа може? Постојано враќаме, а државниот долг расте!
Објавено во: Финансии 27 Декември, 2017 07:10
Од почеток на јануари па до крај на септември годинава од пари на нас даночните обврзници се отплатени 338,4 милиони евра за камати и главница државен долг. Во истиот период нивото на државен долг се зголемило за 24,3 милиони евра!
Како е можно да враќаме во континуитет државен долг, а неговата вредност да расте? Ова се факти кои може да се проверат во официјалната евиденција на Министерството за финансии, достапна на нивната веб страница на следниот линк.
Официјалните податоци го покажуваат следново:
Во првите девет месеци оваа година државата вратила наши – пари на даночни обврзници во износ од 338,4 милиони евра.
Во структурата на вратените до крај на септември годинава пари учеството по ставки е следно:
-камати на надворешен долг 69,1 милиони евра
-платена главнина на надворешен долг 118,4 милиони евра
-камата на внатрешен долг 33,1 милиони евра
-главнина на внатрешен долг 117,8 милиони евра
На крајот на септември годинава нивото на државен долг изнесува 3 милијарди и 876 милиони евра. Во споредба со крајот на декември 2016 година нивото на долг до крајот на септември е зголемено за 24,3 милиони евра. Официјалните податоци покажуваат дека на крај на декември лани нивото на долг било 3 милијарди и 851,5 милиони евра.
Вратени 338,4 милиони евра, а долгото пораснал за 24,3 милиони евра!
Споредбата на податоци покажува дека во овој период долгот се зголемил за 24,3 милиони евра односно при вратени 338,4 милиони евра во период од девет месеци државниот долг се зголемил од 3,851.5 милијарди евра на 3,875.8 милијарди евра.
Можно ли е да се промени нешто во состојбата со државниот долг за да се преврти оваа тенденција? Дали врши работа стратегија за управување со долгот ако не може да го намали? И дали е решение да го преструктуираат во долгорочен без да се намалува?
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




