18 Декември, 2025
0.0491

Каква е златната кокошка што си ја купи „Сава Ре“?

Објавено во: Економија 14 Декември, 2017 07:08

Добивај вести на Viber

„Сава Ре“ си купи компанија што управува со половина милијарда евра пари на идни и сегашни пензионери кои во два фонда се вложени во најголем дел во македонската финансиска индустрија. Компанијата што е предмет на купопродажба е „бомбона“. За 9 месеци е во добивка од речиси милион евра, а акумилираната добивка на друштвото е 4,55 милиони евра, обврски речиси и нема, а вкупните средства вредат околу 8 милиони евра

Друштвото за управување со фондови „НЛБ Нов пензиски фонд“ (НЛБ НПФ) , што ќе добие нов сопственик наскоро, е компанија што управува со два инвестициски фонда кои вредат половина милијарда евра! Вкупните вложувања на идни пензионери во задолжнителниот фонд и во доброволниот фонд на НЛБ, со кои управува на 30 септември годинава надминуваат 30 милијарди денари што е вредност приближно еднаква на половина милијарда евра.

Овие фондови, со кои ќе управува „Сава Ре“ сега се важни играчи на македонскиот финансиски пазар, а во иднина нивното влијание и значење за финансисата индустрија во земјава значајно ќе се зголемува. Од тој аспект многу е важно да се биде позициониран на македонскиот пазар преку друштво што управува со овие два фонда.

Што покажуваат бројките?

Задолжнителниот пензиски фонд „НЛБ Пензиски фонд“ заклучно со крајот на септември 2017 година управува со активна вредна 25,5 милијарди денари односно 413,29 милиони евра пари на идни и сегашни пензионери. Во јавно објавената структура на вложувања на овие пари ставките се следни: најмногу пари се вложени во македонски државни обврзници и нивната вредност е 14,64 милијарди денари односно 57,4 отсто од вредноста на целото портфолио. На второ место е вредноста на уделите во странските инвестициски фондови која изнесува 3,44 милијарди денари и носи 13,5 отсто од целото. Вредноста на странските акции кои ги поседува фондот е 3,03 милијарди денари. Во депозити во домашните банки има 2,79 милијарди денари, а во домашни акции друштвото што управува со овој фонд вложило 1,17 милијарди денари. Најмала ставка по вредност имаат странските обврзници и таа изнесува 0,36 милијарди денари.

„Помалиот брат“ е доброволниот фонд „Пензија +“ и неговата вредност е 549 милиони денари, пресметана на 30 септември годинава. Речиси половината од вредноста на сите средства е во обврзници и таа изнесува 254,1 милиони денари, во акции изнесува 152 милиони денари, во удели во инвестициски фондови 74,9 милиони денари, а во депозити чува 66,6 милиони денари. Останатите 1,4 милиони денари ги чува во парични средства и во останати средства.

Како работи друштвото кое менаџира со пола милијарда евра?

„НЛБ Нов пензиски фонд“ за првите девет месеци годинава има приходи од управување со фондовите (регулирани законски приходи) во износ од 142,3 милиони денари и тие во однос на лани се повисоки за 6,4 милиони денари. На расходната страна друштвото во овој период платило 41,1 милиони денари за управување со фондовите и уште 49,5 милиони денари трошоците за управување со друштвото кои во однос на истиот период лани се пониски за 6,7 милиони денари. Нето добивката за првите девет месеци е 57,3 милиони денари и во споредба со лани е повисока за 10 милиони денари.

Од билансот на состојба се гледа дека има вкупни средства во износ од 458,2 милиони денари од кои долгорочни средства се 383 милиони денари.Акумулираната добивка на компанијата е 280,5 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа