Камион кипер смачка паркиран пик-ап во кој имало луѓе
Објавено во: Македонија 19 Август, 2017
На новата делница која се гради помеѓу Штип и Свети Николе, претпладне камион кипер со песок паднал врз паркиран пик-ап, кој бил во негова близина.
Во пик-апот имало 4 лица кои дошле за да им поделат заштитни елеци на возачите на камиони кои работат на патот. Тие останале во возилото, а врз нив се истурил песок. Нив од возилото ги извлекле пожарникари. Едно лице имало повреди на нозете и е пренесено во штипската клиничка болница, а другите тројца се здобиле со лесни телесни повреди.
Полицијата ќе ги утврди причините за несреќата.