15 Декември, 2025
0.0336

Канада ги отвори вратите: работа за странци колку сакаш!

Објавено во: Стил 05 Декември, 2016 11:10

Добивај вести на Viber

Стапката на невработеност во Канада во ноември паднала за 0,2 процентни поени на 6,8 отсто, бидејќи во економијата се отворени 10 700 нови работни места.

Стапката на невработеност е урната покрај слабото отворање на нови работни места, соопшти канадскиот завод за статистика, пренесуваат агенциите, потсетувајќи дека во октомври во Канада се отворени 44 000 нови работни места.

Ноемвриските податоци, сепак, ги надминуваат очекувањата на економистите, кои предвидуваат дека стапката на невработеност ќе се задржи на 7,0 отсто.

Најмногу работни места се отворени во секторот на услуги, посебно финансии, осигурување и недвижнини.

Оваа земја постојано бара квалификуван кадар од странство за работа. 

Канада објави дека следната година ќе дозволи дури 300 000 економски мигранти да влезат во нивната земја.

Таа земја има брз систем за доселување кој се нарекува и „Експресен влез“ (Express Entry) и тоа е веројатно најбрзиот начин квалификуваните работници од странство да почнат живот и работа во Канада.

Канадската влада преземала обврска дека целиот процес на доселување мора да биде готов за 6 месеци.

Сите пријави за Експрес ентри програмот се бодуваат преку проценување на вештини, искуство, знаење на јазик и образование на секој кој се пријави, и тогаш сите пријавени се рангираат според бројот на бодови. Тие со најмногу бодови добиваат повик и им се нуди постојан престој.

Преку овој програм најчесто повик за постојан престој добивале кандидати од овие професии:

10. Експерти за финансии и вложување

9. Ревизори и сметководители

8. Графички дизајнери и илустратори

7. Квалификувани работници во малопродажба

6. Универзитетски професори и предавачи

5.Програмери и девелопери

4.Софтверски инженери

3. Консултанти и аналитичари за информациони системи

2. Готвачи

1. Квалификувани работици во угостителство

Можеби ќе ве интересира

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“

Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер