18 Декември, 2025
0.0678

Истрага на СЈО: Тендер за изградба на Музејот на ВМРО

Канчевска Милевска на прес „ќе се правда“ за истрагата „Тендери“ на СЈО

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016 14:02

Добивај вести на Viber

Откако специјалното јавно обвинителство денес отвори истрага за тоа како делеле тендерите и се штелувале јавните набавки за градбата на Музејот на ВМРО , министерката за култура Канчевска Милевска најверојатно образложение според најавите ќе даде во 14.30 минути.

Специјалната јавна обвинителка презентирајќи ја истрагата „Тендери“ рече дека Министерството за култура и Комисијата за јавни набавки на министерството договориле тендер за фирма од Штип да го добие тендерот.

„Од прибраниот доказен материјал произлезе основано сомнение дека во временскиот период од 14.06.2011 г. до 31.12.2013г. , во Скопје, првоосомничената како раководно службено лице од МК и тројца осомничени службени лица-членови на комисијата за јавни набавки при МК како соизвршители, ги искористиле службените положби и овластувања и при вршење на јавни набавки, за правното лице фирма од Штип прибавиле корист, која се манифестирала во незаконско повластување-фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – “Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим” во Скопје.

Постои основано сомнение дека пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на принципите на конкуренција и транспарентност предвидени во член 2 од Законот за јавните набавки и спротивно на чл.28 од истиот закон, пред да се донесе одлука за потребата од јавна набавка, првоосомничената веќе донела одлука кој, и да ја добие и да ја заврши работата, предмет на набавката“, истакна Фетаи.

Таа образложи и дека доказите упатуваат на основано сомнение дека првоосомничената на 14.06.2011 г. преку телефонска комуникација со сведокот, тогашен генерален директор на градежна компнаија од Штип, му кажала на истиот фирмата да продолжи со работа на објектот каде тековно изведувале градежни работи по претходно склучениот договор за јавна набавка, да ги изведе и сите работи што произлегувале дополнително и да не се чека дваесет дена за спроведување на нова јавна набавка.

„Според доказите, првоосомничената на сведокот му кажува и дека истата веќе средила со второосомничената да комисијата за јавни набавки откако ќе се објави огласот, договорот го додели на фимра од Штип, бидејќи договориле да предвидат такви услови и критериуми за доделување на договорот, кои единствено ги исполнувал Бетон Штип, и не може друг субјект да победи.

Доказниот материјал упатува на основано сомневање дека градежната фирма  во меѓувреме, без спроведена постапка за јавна набавка ги изведувала завршните градежни и градежно-занаетски работи на објектот, согласно барањата на првоосомничената, и потоа, откако на 20.06.2011 година бил објавен огласот за доделување на јавна набавка, фирмата доставила понуда и земал формално учество во постапката.

Како што наведов, на 18.07.2011 година фирмата доставила понуда во постапката за јавната набавка, и иако сите осомничени знаеле дека таа компанија веќе ги изведува работите на објектот од огласот за доделување на јавна набавка, сепак, второ, трето и четврто осомничените како комисија за јавни набавки составиле извештај од спроведената постапка од 19.07.2011 година дека најповолен понудувач етокму фирмата од  Штип, па на 26.07.2011 година од страна на првоосомничената е донесено решение за избор на најповолна понуда.

Потоа, на 05.08.2011 г. е склучен договорот за јавна набавка за изведување, на како што напомнав, веќе изведени работи. Договорот е склучен  помеѓу МК, застапувано од првоосомничената и фирмата од Штип, застапувана од сведокот -Генерален директор, со вредност од 62.480.543  денари (околу 1 милион евра).

Врз основа на договорот од МК нафирмата од Штип заклучно со 31.12.2013 и бил исплатен износ од 54.501.336 денари“, соопшти обвинителката Фатиме.

Од СЈО потенцираа дека со ваквите дејствија постои основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ и дека против дел од осомничените во овој предмет, од судот ќе бидат побарани соодветни мерки за нивно обезбедување присуство во текот на постапката.

Дел од медиумите веќе го споменаа името на министерката како првоосочничена во овј случај, но ставот на Канчевска Милевска ќе го пренесеме после прес конференцијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери