08 Декември, 2025
0.0130

КАРАКАМИШЕВА: Mладите ја напуштаат Македонија поради невозвратена љубов

Објавено во: 06 Јануари, 2016 20:58

Добивај вести на Viber

Професорката и аналитичарка Тања Каракамишева во својата колумна во весникот Дневник пишува за причините поради кои младите си заминуваат од Македонија. Според неа, причината за иселување на околу 600 000 луѓе не е во лошите услови за живот и тешката економска ситуација, туку младите си оделе од Македонија поради духовна неисполнетост.

„Иако мојот репрезентативен примерок е релативно мал (околу триесетина луѓе), сепак тој може да биде добра основа за лоцирање на вистинските причини за заминувањето на младите од земјата. Иако генерално во јавноста се мисли дека причините се од егзистенцијална, а се шпекулира дека се и од политичка природа, многу малку се знае дека најголемиот дел не заминале во странство заради недостаток од пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот." - пишува Каракамишева.

Таа заклучува дека раскинувањето или разводот од партнерот, но и незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутното семејно насилство) се најчестата причина за заминувањето на младите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: