Кекеновски: Писмото на Иванов до меѓународната заедница е обид за само-амнестирање
Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 06:56
Писмото што претседателот Горѓе Иванов го испрати до меѓународната заедница, ќе имаше тежина ако беше испратено пред да му го додели мандатот за составување Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој исто така преговараше со ДУИ за платформата што сега Иванов ја оспорува, вели за Фактор, Јове Кекеновски.
Го поздравувам секој потег кој е насочен кон одбрана на државата и државните интересите, како и мирот на граѓаните на нашата држава. Мислам дека овој чекор на Иванов е провиден обид за негово самоамнестирање како еден од главните учесници и виновник за севкупната криза што ја тресе државата последниве скоро три години.
Прво, ова писмо ќе имаше посебна тежина доколку Иванов го испрати пред да го довери мандатот на Груевски кој преговараше и кој прифатил се од Платформата на албанските политички партии освен точката на СЈО (според признанеието на потпретседателот на ДУИ како и други вискои партиски личности на ДУИ).
Второ, мислам дека ќе беше посоодветно Иванов да ја споредеше Платформата на албанските политички партии со решенијата во Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа што беше предложен од Владата на Груевски и усвоен во Собранието на Република(Службен весник на РМ број 101/08 и 100/2011)како и со препораките од страна на Владата во Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија финансиран од народни пари.
Во таа смисла тој имаше можност да го преиспита својот потпис на Указот за прогласување на Законот и сето она што ја нарушува унитарноста на државата. Меѓутоа тој е должен да и објасни на домашната јавност неколку прашања.
Прво, од кога и од кого е започнато рушењето на унитарноста на државата, потоа, зошто е проширено толкувањето на Амандан бр. V на член 7 на Уставот на РМ во сите овие погоре набројани акти и документ, но и како и зошто по којзнае кој пат е дозволено да се надминат рамките на Охридскиот рамковен договор.
Исто така тој лично треба да објасни зошто досега молчеше за сите деформации кои се направија на системот од страна на досегашната Влада со сите овие документи и акти.
С.Н.Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




