30 Април, 2024
0.0304

КЕЖАРОВСКА: Нека ми се јават, ќе чујат како е да си семејство на притворен!

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Емоции, спроведување на правда, желба за правичност, обвинувања за “егзекуции“ мотивирани од партиски освети. Лавина на реакции во научните и политичките кругови предизвикаа апсењата и притворите на познати личности, пратеници, членови на Вмро-Дпмне, осомничени за тероризам во крвавите настани во Собранието од 27 април, годинава. Дел од јавноста смета дека секој кој посегнал по уривање на уставниот поредок и загрозување на животот на луѓето, беа разлика на општествениот статус, мора да понесе одговорност. Од опозицијата обвинија дека власта се пресметува со луѓето кои ја сакаат и ја бранат земјата. Од власта велат дека се почитуваат и спроведуваат законите, и дека секој мора да биде еднаков пред законот. 

Кежаровска: Ова што се случува не е ниту за смеење, ниту за ситење!

Марина Кежаровска, сопруга на новинарот Томислав Кежаровски кој заврши во затвор за време на власта предводена од Вмро-Дпмне, од човечки аспект вели дека сегашната ситуација не е ниту за смеење ниту за ситење, но во исто време има порака до оние кои велат дека е срамно за државата што дозволува во притвор да одат познати јавни личности, родители на деца.

Ова што се случува деновиве, а што претпоставувам ќе се случува уште извесно време, после се она низ што поминавме во 11 години предводени од Никола Груевски, ниту е за смеење, уште помалку за ситење. Јас воопшто не се радувам на било чие апсење. Напротив сочуствувам со нивните семејства, особено децата. Ние поминавме низ своевиден пекол. Само ние знаеме како го поминавме затварањето на Томче. Се соочивме со медиумска тортура. Сега душегрижници се прашуваат како им е на децата на притворените. Нека ми се јават јас ќе им кажам. Нека и се јават на нашата ќерка и таа ќе им каже..Нашата ќерка која тогаш имаше тринаесет години се ќе им објасни, од А до Ш. А кој нам ќе ни ги залечи раните од тие денови, месеци, години од солзите и побелените коси?... Правда мора да има за сите, па и за луѓето што сега се притворени…“ – вели Кежаровска за “Фактор“

Што кажаа и напишаа познатите ..

Освета, меѓупартски реваншизам, спроведување на правада, - со различни реакции во јавноста беа дочекани одлуките за притвор на познати јавни личности. Оперскиот пејач Игор Дурловски и Богдан Илиевски – Бетмен, еден од организаторите на протестите за “За заедничка Македонија“ веќе се во притвор во затворот во Шуто Оризари. Во куќен притвор заминаа Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски. Со обвинението за тероризам се опфатени и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василeвски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов се шестемина пратеници за кои Судот побара од Собранието да им се одземе имунитетот .Актерката Мери Георгиевска, со целосна поддршка за колегите кои беа дел од протестите “ За заедничка Македонија“ а кои сега се товарат за тероризам.

“Моцарт имал среќа. Имал само еден Салиери. Посветено на уметниците Игор Дурловски, Владо Јовановски и Борис Дамовски. Држете се! Силни сте! PS.Татко ми секогаш ми кажувал древна поговорка: "Не знаеш дали си среќен дур не умреш". Пред вас е животот и животот е тркало, а сеирот се цеди и излегува на виделина и по темница“ – напиша Георгиевска на социјалните мрежи.

На иста линија со неа, со осуда на приведувањата, е и нејзниот колега Тони Михајловски кој напиша:

Македонија ќе ја снема. Повторно. Оние парламентарни, и овие локални, беа последните избори во Македонија каква што ја паметиме од независноста. Оваа влада ќе биде последната влада на таа историска независност која траеше само 27 години, за жал. Имавме шанса да живееме, и да се бориме, во независна Македонија. Да ни се родат децата во таква Македонија. Ние бевме, после многу векови такви Македонци. Тие пред нас, се бореа за независна Македонија, но никој од нив не ја доживеа. Ние го доживеавме нивниот сон. Идејата заради која живееја и загинаа стана наша реалност. А нивната наша, за жал. И тие биле предадени од Македонци кои тоа не биле. Скоро секој, ако не и секој, е загинат во заседа и предаден. Сите “партизани” кои биле за независна Македонија завршиле слично. Во заседа, во затвор или во прогон. Другите на позиција во борба против македонштината. Борбата против нашата независност, и ВМРО, почнува од ‘45та. Денес таа борба треба да финишира затоа што стана реалност, а ВМРО опасност за нејзино реализирање. Експериментот осуден на пропаст, за малку ќе успееше. Пирејот се потфати. Чаре е само длабоко орање и превртување на земјата“.

Осуда на апсењата и притворите стаса и од истакнати функционери на Вмро-Дпмне. Така, Антонио Милошоски, пратеник од опозициската партија, во врска со приведувањето на свои колеги пратенци а воедно и сопартијци, напиша:

Сопругата на “терористот” Мукоски, со нивните четири малолетни дечиња Милан (14), Голабинка (11), Илина (8) и Јована (3), чиј татко во 2001-ва како доброволец учествуваше во одбраната на Македонија, заедно со другите родољубиви вевчанци!“

По одлуките за притвор, поранешната пратеничка Солзна Грчева вели:

Во правна држава, најпрво се испитува кршењето на Уставот на 27 април. Знаејќи дека тоа не сме, не очекувам правично и фер судење на притворените. А пратениците кои беа внатре, наместо сами да ја расчистат таа апла наместена шарада, оставија граѓани, а зошто да не и провокатори, да расчистуваат.Се почнува и завршува со правна држава. За жал ова судство во сите ешалони, нема намера, ама никаква намера да стане независно. Тие не се институција, туку чиста проституција“.

Ване Цветанов, поранешен осуденик, претседател на здржението “Зелена лупа“ го повторува својот став сите судења да бидат пренесувани преку телевизија. Еден од своите коментари ги посветува на притворениот екс министер за внатрешни работи Митко Чавков.

Слушнав дека Чавков е сместен во соба - Д2 во Шутка.Собата е во новиот дел, на втори кат со најубав поглед. Од оваа соба има најдобра комуникација со другите крила. Со неговото сместување во таа соба се губи смислата на притворот бидејки може да комуницира со останатите и меѓусебно да се договараат за настапи пред судот.Се надевам дека затворот ќе стои на висина на задачата и нема да дозволи целата постапка да биде доведена во прашање со вакви пропусти“ – вели Цветанов.

Професорот Јове Кекеновски, воедно и поборник за реформи во Вмро Дпмне, меѓудругото прати порака до актуленото партиско раководство:

“Само две прашања? 1.Зошто обвинетиот Груевски повикува на протести кога знае дека нема да има одзив, кога знае дека повеке никој не им верува на неговите лаги и манипулации? 2. Зошто сака до крај да ја девалвира партијата?“

Колумнистот Ерол Ризаов, најавувајќи ја својата нова колумна, преку социјалните мрежи порача:

Високи се тензиите во земјата по апсењето на повеќе пратеници и на Митко Чавков со неколку соработници, до неодамна на високи позиции во полицијата. Ако малку се прочепка подлабоко ке излезе дека работата не е баш така црно бела и дека има многу повеќе виновници и соучесници во злосторставата и дека многу поголем е списокот за казни. Кога не е заштитен граѓанинот и приватниот имот, кога мафијата работи непречено не може да биде заштитен ни парламентот, особено ако надвиснала опасноста за промена на власта по веродостојни избори.“.

Седницата на собраниската Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, која треба да расправа за барањата за одземање имунитет на шестмина пратеници кои се осомничени за учеството во насилствата на 27 април во Парламентот најверојатно се очекува да биде закажана за денеска.


Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип