КХВ ја одобри Одлуката за измени на Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје
Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2018 11:29
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 130-тата седница со која претседаваше М-р Елизабета Чингаровска даде одобрение на Одлуката за измени на Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје, со што наместо досега применуваниот период на порамнување од три работни дена(Т+3) од денот на склучување на трансакцијата се воведува период на порамнување од два работни дена (Т+2) од денот на склучување на трансакцијата. Со примената на ваков стандарден период на порамнување Т+2, македонскиот пазар на хартии од вредност ја следи праксата на порамнување што важи на европските регулирани пазари.
На овој начин се очекува да се намали потребата од барање на специјален ден на порамнување, да се динамизира тргувањето и да се зголеми ликвидноста на пазарот, да се овозможи побрз тек на парите на инвеститорите и пренос на хартиите од вредност. Исто така, воведувањето на Т+2 е од особена важност за СЕЕ Линк платформата.
Ваквата корекција на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје е во согласност со Законот за хартии од вредност, кој го регулира времето на порамнување на трансакциите и нормира дека порамнувањето може да се врши веднаш, но не подоцна од три работни дена од денот на склучувањето на трансакцијата.
На седницата што се одржа денеска на 30 јануари, 2018 година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови една дозвола за работење на инвестициски советник.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




