Кина и Русија започнаа масовни воени вежби
Објавено во: Свет 18 Септември, 2017
Кина и Русија ги започнаа заедничките големи воени вежби кои доаѓаат по засилувањето на ракетните тестови од страна на Северна Кореја.
Овој пат вежбите ги опфаќаат поморските единици на Кина и Русија и се на непосредна близина до границата со Северна Кореја од заливот Петар Велики до Окхотско море до брегот на Јапонија.
Токму на претстојното Генерално Собрание на ОН меѓу главните теми ќе биде Северна Кореја и можноста за наоѓање на мирно решение, но секако Кина и Русија сакаат да бидат подготвени во случај на било каква воена катастрофа на нивните граници.
Засега и двете страни апелираа до САД и американскиот претседател Доналд Трамп да ги намалат жестоките тонови кон Северна Кореја и да почекаат наметнатите санкции да вродат со плод.