21 Септември, 2024
0.0259

ЌЕ ИМА ПОСЕБНА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ЌЕ ГИ ШТИТИ ЛУЃЕТО ОД БАНКАРСКИТЕ „ФИНТИ“ - ќе се формира финансиски омбудсман

Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

НБМ планира уште повеќе отколку досега да се стави во заштита на граѓаните кои користат услуги од банките, а пред се разни видови на кредити. 

„Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со Закон за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на правата на потрошувачите“, изјави во интервју за националниот сервис МТВ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Ангеловска-Бежоска посочува дека иако Народната банка нема експлицитен законски мандат за заштита на потрошувачите, сепак како општествено одговорна институција презема повеќе мерки во овој сегмент. Пример за тоа е Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија како заеднички документ кој беше подготвен и донесен во соработка со Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, која предвидува повеќе активности со цел зголемување на заштитата на корисниците на финансиски услуги.

„Тие активности се фокусираат на два сегмента. Едниот сегмент е финаниска едукација, со цел зголемување на информираноста на корисниците на финаниски услуги, за нивните права, но и обврски, како и запознавање со различни финаниски производи за подобра информираност и носење правилни одлуки. Вториот сегмент е подобрување и зајакнување на регулаторната рамка за заштита на потрошувачите. Прв конкретен чекор во ова насока е Законот за платежни системи, којшто ќе обезбеди значаен квалитативен скок во делот на заштита на правата на потрошувачите во користење на услугите за платен промет”, вели гувернерката.

Ангеловска-Бежоска истакнува дека нова активност, којашто неодамна започнала во рамки на централната банка, а на која банката ќе работи заедно со другите финансиски регулатори, е изготвување на Закон за финансиски омбудсман, односно финансиски правобранител. Идејата на овој закон е воспоставување на посебна институција којашто ќе постапува по поплаките од граѓаните и ќе има експлицитен мандат за заштита на интересите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

„Многу е важно да се создадат услови за влез на поголем број учесници“: министерката за финансии најави развој на соработката со Берзата

„Многу е важно да се создадат услови за влез на поголем број учесници“: министерката за финансии најави развој на соработката со Берзата

ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА НАДМИНУВА 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве во кои сектори има најголем раст

ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА НАДМИНУВА 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве во кои сектори има најголем раст

„СЕПА ќе им заштеди 16 милиони евра годишно на иселениците“ - прекуграничните плаќања ќе се извршуваат за еден ден

„СЕПА ќе им заштеди 16 милиони евра годишно на иселениците“ - прекуграничните плаќања ќе се извршуваат за еден ден

Рекорди на Волстрит откако ФЕД ги намали каматните стапки: Акциите на помалите компании значително пораснаа

Рекорди на Волстрит откако ФЕД ги намали каматните стапки: Акциите на помалите компании значително пораснаа

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ - Волстрит бележи пад по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД, а златото пак поскапе

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ - Волстрит бележи пад по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД, а златото пак поскапе

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

НАРОДНА БАНКА ЌЕ ЈА НАМАЛИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ЗА 0,25 п.п. - се уште има ризици од надворешни фактори

НАРОДНА БАНКА ЌЕ ЈА НАМАЛИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ЗА 0,25 п.п. - се уште има ризици од надворешни фактори

ШВАЈЦАРИЈА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ: Еве како им е на балканците што живеат таму

ШВАЈЦАРИЈА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ: Еве како им е на балканците што живеат таму

КОМПАНИЈАТА ШТО ГО ИЗГРАДИ „ТИТАНИК“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ И ЗАМИНУВА ВО СТЕЧАЈ: Шпанците сакаат да ја преземат, еве што велат Ирците

КОМПАНИЈАТА ШТО ГО ИЗГРАДИ „ТИТАНИК“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ И ЗАМИНУВА ВО СТЕЧАЈ: Шпанците сакаат да ја преземат, еве што велат Ирците