19 Декември, 2025
0.2091

Ќе се одбележи Глобалната недела на парите во Македонија

Објавено во: Економија 29 Март, 2017 09:34

Добивај вести на Viber

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија коешто го сочинуваат Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот на микрофинансиски организации на 27 март 2017 година, го одбележаа почетокот на Глобалната недела на парите (27 март ‒ 2 април). На првиот ден од Глобалната недела на парите се организираа посети од страна на четири основни и средни училишта од Скопје во просториите на сите пет регулатори (Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност), како и на Македонската берза, Музејот на пари при Народната банка, еден пензиски фонд, инвестициски фонд, комерцијална банка, штедилница и осигурителна компанија.

„За првпат во Македонија се организираат ваков вид активности од поголем обем, а целта на активностите е да се подигне нивото на финансиска писменост кај младото население на Република Македонија. За време на посетите се изведуваат едукативни предавања на теми од областите на институциите што ги покриваат, односно од областите на парите, штедењето, тргувањето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи. Во Македонија е планирано Глобалната недела на парите да биде одбележана во повеќе денови, односно на 29 март со посета на училишта во Велес и Неготино, на 5 април со посета на Тетово и Гостивар и на 7 април со посета на Охрид и Струга, додека на 19 април за официјалното затворање на настаните се најавува голем настан во Градскиот парк на кој ќе бидат присутни институциите коишто ги предводат овие активности и финансиските институции од целиот финансиски сектор“ - информираат од НБРМ. 

Глобалната недела на парите, во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth Finance International), се одржува на светско ниво уште од 2012 година, во чиишто рамки се одржуваат преку 4000 активности во кои се вклучени над 6 милиони деца и млади во повеќе од 130 земји и повеќе од 1000 организации и институции. Оваа глобална иницијатива ја подигнува свеста кај младите преку учење за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат државните институции. Целта на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини. Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е „Учи! Штеди! Заработи!“, со намера младите луѓе да научат да штедат за својата иднина“. 

Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади го одбележува официјалниот почеток на Глобалната недела на парите заедно со Централната банка на Германија (Дојче бундесбанк), преку посета на ученици од основното образование во Германија и посета на Централната банка на Германија и Музејот на пари. Меѓу другото, на 30 март ќе се обрати и Нејзиното Височество Кралицата Максима на Холандија по повод Глобалната недела на парите во Центарот за посетители на Централната банка на Холандија и притоа ќе го промовира документот „Безбедни платежни производи за младите ‒ водич за младите кон финансиска самостојност“ (Safer Payment Products for Minors - guiding minors towards financial autonomy).

Посетите се изведуваат со препознатливи, обележани едукативни автобуси.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии