БУГАРИТЕ СЕ РАЗЛУТИЈА
Клетви, критики и закани за новинарот Миленко по уништената спомена плоча на Кајмакчалан
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2016 16:32
Македонскиот новинар Миленко Неделковски вчера на својот Фејсбу профил преку низа фотографии ги разгоре тензиите меѓу Македонија и Бугарија.
Тој на Кајмакчалан со чекан ја скршил плочата поставена од бугарите на .
Фотографиите кои тој ги објави на „Фејсбук“, предизвикаа брза реакција - и во социјалната мрежа и меѓу бугарските политичари.
Дел од македонците му се восхитуваа и со низа пофалби го поддржаа овој чин, додека бугарите се разгневија.
Меѓудругото вчера беше Ден на независноста на Бугарија.Во првиот статус кој Миленко го објави на ФБ пишува:
Подоцна тој објави и други слики со објаснување дека поставениот бугарски споменик/обелиск си стои со цвеќиња и венци о.
„Горе има и грчки, и српски, кои се законски поставени, но дивограбата веќе е на парчиња“, пишува во втората објава.
Во целиот профил Неделковски држи груб јазик кон Бугарите кои ги нарекува „татари„и „лузери“.
Пристигнаа и првите реакции од бугарски пратеници
„Ако за 48 часа, македонскиот амбасадор во Софија и министерот за надворешни работи на Република Македонија не изрази жалење за тоа што се случило, и ако македонските судски органи не започнат брза постапка против лицата кои го уништиле бугарскиот споменик, Министерството за надворешни работи на Република Бугарија ќе го отповика бугарскиот амбасадор во Скопје и ќе објави дека еднострано прекинување на преговорите за пристапување на Република Македонија кон Европската унија“- за тоа пак повика независниот пратеник Велизар Енчев.
„Слични античовечки, антиморални и антихристијански манифестации не може да се толерираат. (...) Додека слични изроди се на слобода и дивеат со чекани рушејќи споменици, наместо да се во затвор и да ронат камења, Македонија нема како да докаже дека стои зад европските и човечки вредности“, завршува писмото на Каракачанов. Во битката кај Кајмакчалан (12 - 30 септември 1916 година), дел од битките на Солунски фронт за време на Првата светска војна, една против друга се соочија армиите на Бугарија и Србија. Српската страна тогаш имаше околу 4600 жртви. Бугарија загуби околу 2.000 војници, а повредени беа речиси 6.000. Битката е добиена од Србија, но во стратешки аспект не успева да стане особено важна - поради настапувачката зима која го прави тешко продолжувањето на напредувањето на силите на Антантата.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




