16 Декември, 2025
0.0747

Кочо Анѓушев ја напушти ЕФТ, фирмата која е најголем увозник на струја во Македонија!

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2013 08:30

Добивај вести на Viber

По речиси десетгодишно управување со ЕФТ Македонија, една од најголемите компании за трговија со струја во земјава, бизнисменот Кочо Анѓушев ја напушти челната позиција. На негово место доаѓа дипломираниот економист Иван Џенингс, кој од 2002 година е дел од ЕФТ групацијата (Energy Financing Team). Во октомври минатата година, Анѓушев ја основаше Енерџи деливери солушнс ЕДЦ, компанија која според објавата во Централниот регистар ќе се занимава со трговија со електрична енергија. Со основачки влог од 5.000 евра, покрај Анѓушев, сопственик на новата фирма е и Фероинвест од Велес, компанија која во 2003 година ја основаше Анѓушев. Овој бизнисмен  е и инвеститор на неколку мали хидроцентрали во Македонија. Последните финансиски податоци покажуваат дека во групата најголеми и најуспешни трговци со струја во земјава влегуваат ЕФТ Македонија, ГЕН-И, Роу енд рифајнд комодитис, Руднап и ЕВН трејдинг. Овие пет трговци со струја во 2011 година остварија добивка од 1,7 милион евра, која пак, во 2010 година достигна 2,7 милиони евра. Приматот - најголем и најуспешен трговец со струја во земјава за 2011 година го има ГЕН-И, со профит од речиси два милиони евра, што е раст на добивката од 46,5% за само една година. Ако се анализираат приходите и расходите на трговците со струја, втор по успешното работење во 2011 година е трговецот ЕФТ Македонија, кој пред две години оствари нето-добивка од 709.973 евра, што е 20,6% повеќе од профитот „тежок“ 590.429 евра во 2010 година. На страната на приходите пак, овој трговец со струја во 2011 година имаше приход од 106 милиони евра, што е 49,6% помалку во споредба со инкасираните 166 милиони евра во 2010 година.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“